Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот

Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. 

Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. За време на посетата оствари средби со многу граѓани на кои им се заблагодари за поддршката во Изборна единица 4.

Филипче им порача на граѓаните на 8 мај да го дадат својот глас за напредок, стабилност и европска иднина на Македонија.

Тој рече дека како иден пратеник заедно со пратеничката група на СДСМ на граѓаните ќе им го олеснат пристапот до законодавниот дом, со отворање на канцеларии каде ќе ги слушаат нивните барања кои ќе се преточат во конкретни политики. Филипче порача дека граѓаните ќе бидат директно вклучени во тие процеси.

Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, д-р Венко Филипче на граѓаните им вети дека ќе остане достапен за нив како во кампањата и после изборите, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа.

Филипче истакна дека СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и затоа секогаш ќе работи и ќе биде меѓу граѓаните.

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска од митингот во Битола испрати порака за обединување на граѓаните и прогресивните сили на 8 мај.

„Ве повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.

Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ! Да ги продолжиме делата на нашите претци со кои делиме исти вредности“ – порача Костадиновска – Стојчевска пред жителите на Битола.

Според неа, вистинските антифашисти се борат за слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот. Потсети на големите резултати на СДСМ, со кои партијата со право се нарекува државотворна и граѓанска.„Вистинска социјалдемократија значи кога се носат одлуки кои не се лесни за поединецот, ама се потребни за државата. И кога ќе кажеме дека СДСМ е државотворна партија, дека секогаш државата ни е пред се, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвараме нови работни места. Да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома“- рече Костадиновска – Стојчевска на митигнот во Битола.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

Познати двојките во првото квалификациско коло на „Macedonian Open 2024“

На терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје денес почнува новото издание на „Macedonian Open 2024“. 

Според програмата ќе се играат 12 меча од првата рунда од квалификациите, каде и четири македонски тенисери ќе имаат свој настап.

Димитар Грабул во првото коло од квалификациите за ривал го доби хрватскиот тенисер Лука Микрут (502. место АТП), кој е рангиран како 8. носител во квалификациите.

Шендрит Деари за ривал го има Лука Павловиќ од Франција (515. место АТП – 9. носител во квалификации).

Берг Бугариќ за противник го има 401-иот тенисер на АТП листата и 5. носител во квалификациите Жером Ким од Швајцарија

Амар Хусеиновиќ ќе игра против Константин Битон Козмин од Франција (484. место АТП – 6. носител во квалификации).

Инаку во „главниот ждреб“ прв носител е Чун-Хсин Ценг од Тајпех, кој е рангиран на 248. место на АТП листата, а втор носител е Ерги Киркин од Турција (251. место АТП).

Распоред на натпреварите:

Централен терен:

1 Никола Милојевиќ (Србија) – Џералд Мелцер (Австрија) почеток 10:30 часот

2 Марсело Зорман (Бразил) – Николос Басилашвили (Грузија)

3 Жером Ким (Швајцарија) – Берк Бугариќ (Македонија)

4 Калум Путерџил (Австралија) – Рајан Сигерман (САД) – почеток не пред 15 часот

Терен број 5:

Константин Битон Козмин (Франција) – Амар Хусеиновиќ (Македонија) почеток 10:30 часот

Шендрит Деари (Македонија) – Лука Павловиќ (Франција)

Димитар Грабул (Македонија) – Лука Микрут (Хрватска)

Терен број 6:

Хуан Карлос Прадо Анхело (Боливија) – Сергеј Фомин (Узбекистан) почеток 10:30 часот

Рајан Нибоер (Холандија) – Џорџ Голдхоф (САД)

Терен број 8:

Матеј Додиг (Хрватска) – Реј Хо (Тајпех)

Александер Донски (Бугарија) – Неил Оберлејтнер (Австрија)

Дан Адед (ФРанција) – Џон Никлес (Швајцарија). /МИА

Ерупција на вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера

Вулканот Ибу на оддалечениот индонезиски остров Халмахера еруптираше, исфрлајќи облак од сива пепел.

„Вулканот Ибу еруптираше синоќа и исфрли пепел до висина од четири километри“, објави индонезиската агенција за вулкани.

Индонезиските власти потврдија дека почнала евакуацијата на жителите на седум околни села. /МИА

Арнаудова - Стојановска: Мерките на НБ го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

​Преку стратешки пристап и преземање на низа мерки, Народната банка претставува активен чинител кон создавање зелена и одржлива економија.

„Препознавајќи го значењето на климатските ризици, Народната банка досега презеде повеќе активности за зголемување на свесноста за последиците од климатските промени, а со мерките за континуирано јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се придонесува и кон зголемување на неговата способност да го поддржи преминот кон зелена економија. Континуираното јакнење на солвентноста и ликвидноста на банките, заедно со зајакнување на капацитетот за соодветно управување со климатските ризици, ја дефинираат нивната улога на катализатор на финансиските текови кон зелени и одржливи проекти. Состојбата на „зелени“ кредити одобрени на приватниот сектор во 2023 година е зголемена за 2,8 пати во однос на 2019 година“, истакна советничката на гувернерката на Народната банка, Милица Арнаудова – Стојановска, говорејќи за климатските промени и зелените финансии на Марили бизнис форумот, кадешто напомена дека со промените во начинот на утврдување на задолжителната резерва на банките, Народната банка придонесува за поттикнување на „зеленото“ кредитирање. Арнаудова – Стојановска нагласи дека растот на овие кредити е речиси во целост движен од корпоративниот сектор, додека учеството на „зелени“ кредити во вкупните кредити на банките на крајот на 2023 година изнесува 4,5% и има тренд на пораст.

„Препознавајќи ги предизвиците од климатските промени на долг рок, централните банки имаат сѐ поголема улога во транзицијата кон зелена и одржлива економија, што е видливо од податоците на Глобалната студија за управување со резерви (Global Sovereign Asset Management Study, 2021) која покажува дека расте процентот на централни банки (35% во 2020 година наспроти 64% во 2021 година), кои се согласуваат дека „зелените“ обврзници треба да бидат дел од портфолиото на девизните резерви“, посочи Арнаудова – Стојановска, која додаде дека во таа насока дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка.

Народната банка изработи Среднорочен план на активности во доменот на управување со климатските ризици, 2023-2025, донесе насоки за банките за управување со ризиците поврзани со климатските промени, a неодамна во рамките на активностите за промовирање на зелените финансии објави и преглед на „зелените“ показатели. Целта е да се подобри расположливоста на податоците за климатските промени, што е клучно при изработката на анализите и креирањето на политиките.

„Порастот на климатските ризици поттикнати од технолошките промени, владините политики за климатска неутралност до 2050 година, како и промените во преференциите и кај инвеститорите и кај потрошувачите, наметнаа потреба за проактивно делување на сите чинители во еко-системот. Па така, за корпоративниот сектор особено се важни промените во регулативите поврзани со транзицијата кон јаглерод-неутрална и циркуларна економија“, потенцира Арнаудова–Стојановска и го истакна значењето за усогласување на домашната законска регулатива со соодветните ЕУ регулативи.

притисни ентер