Фармацевтските компании почнуваат со работа на нова вакцина против омикрон

Biontech, Moderna и Johnson & Johnson работат на вакцини кои конкретно ќе го таргетираат омикрон, доколку постоечките се покажат неефикасни против оваа нова варијанта на коронавирусот, велат компаниите.

Појавата на новата варијанта предизвика глобален одговор, бидејќи во страв дека таа би можела побрзо да се шири дури и меѓу вакцинираните, владите воведуваат забрани за патување и други мерки, пренесуваат агенциите.

BioNTech објавил дека започнал да работи на вакцината против омикрон заедно со партнерот Pfizer.

Џонсон и Џонсон, исто така, ја анализираат ефикасноста на својата вакцина, додека работат на специфична вакцина за таа варијанта.

„Почнавме да работиме на дизајнирање и развој на нова омикрон вакцина и доколку е потребно, брзо ќе започнеме со клинички испитувања“, рече Матаи Мамен, директор за развој во таа фармацевтска компанија.

За Модерна може да потрае неколку месеци пред да започне да испорачува вакцина што делува против варијантата омикрон, изјавил извршниот директор Стефан Бансел за CNBC, додека Русија е убедена дека нејзината вакцина Спутник V е ефикасна против новата варијанта.

Бансел во интервју за CNBC изјавил дека сè уште не е позната ефикасноста на вакцината против таа варијанта и дека треба да се знае повеќе за околу две недели.

Модерна во петокот објави дека работи на прилагодување на вакцината на новата варијанта и на тестирање на поголема доза од постоечката бустер доза и проучување на верзии на вакцината за заштита од повеќе варијанти.

Русија денеска објави дека ќе биде подготвена да понуди засилувачки дози за заштита од омикрон, доколку е потребно, но Кремљ рече дека реакцијата на пазарот на новиот вид е емотивна по природа и не се заснова на научни податоци.

Русија брзо ја разви вакцината „Спутник V“ во две дози минатата година, по што следеше вакцината „Спутник лајт“ за еднократна употреба. Тие тврдат дека и двете вакцини покажале висока ефикасност во испитувањата, но сè уште чекаат одобрение од СЗО.

Русија изјавила дека вакцината, развиена од Институтот Гамалеја, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон, инаку е подготвена да произведе стотици милиони засилувачки дози.

„Институтот Гамалеја верува дека Спутник V и Лајт ќе го неутрализираат омикрон бидејќи тие се најефективни против другите мутации“, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е задолжен за извоз на вакцината во странство.

„Доколку е потребна модификација, што е малку веројатно, до 20 февруари 2022 година ќе обезбедиме неколку стотици милиони бустер дози на Спутник против омикрон“, напишал Дмитриев на официјалниот Твитер профил на Спутник V.

Јом Хашоа одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Со едноминутно молчење во чест на жртвите во холокаустот, денеска беше одбележан Денот на сеќавањето на жртвите. Традиционално овој ден  се одбележува на годишнината на востанието во Варшавското гето.

Маја Нану, член на управниот одбор на еврејската заедница, нагласи дека Македонија, рамо до рамо со целиот свет, им оддава почит на своите 7.144 евреи, жртви на нацизмот, депортирани во логорот на смртта, Теблинка.

Самоил Садикарио, пензиониран професор на медицинскиот факултет, член на Еврејската заедница, чии предци биле партизани, изразува жалење што се помалубројни се Евреите во Македонија. Особено му е жал што поради, како што рече, нечија луда идеа, загинале шест милиони евреи во светот.

Во чест на Денот на сеќавањето на жртвите од холокаустот, во музејот на холокаустот беше отворена и детска изложба, а најдобрите три цртежи беа и наградени.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

притисни ентер