Европските клубови и фудбалери покренаа голем случај против ФИФА

Водечките европски лиги и синдикатот на професионални фудбалери Фифпро поднесоа случај против ФИФА во Европската комисија. Според нив, светската фудбалска централа врши „злоупотреба на власта“.

Европските лиги - организација која претставува 39 европски првенства, вклучувајќи ја англиската Премиер лига, италијанската Серија А и Бундеслигата - и 1.130 клубови од 33 земји, како и европскиот дел на Фифпро ја обвинија ФИФА за злоупотреба според европскиот закон за натпреварување во врска со меѓународниот календар. Кон тужбата се приклучи и шпанската Ла Лига, која не е членка на европските лиги.

Причина за протестот на организациите е зголемениот број на натпревари во календарот, а повод е новиот формат на Светското клупско првенство кое следното лето треба да се одржи во САД.

На посебна прес-конференција денеска дадоа повеќе информации. На неа присуствуваа претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас и претставници на другите две организации. На прес-конференцијата беа објавени изјави на некои водечки фудбалери со критики за зголемениот број на натпревари. Меѓу нив се најдоа Родри, кој неодамна заработи многу тешка повреда и нема да игра до крајот на сезоната, како и Килијан Мбапе, Кевин Де Бруин, Алисон и Жил Кунде./МИА

Ди Каприо се врати во Америка, со девојката забележани на улиците на Њујорк

После долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка.

Тој е снимен со неговата 26-годишна девојка Виторија Серети на улиците во Њујорк додека се возат со изнајмени велосипеди. 49-годишниот актер носел маска на лицето.

Леонардо минатата недела беше во Рим, каде заедно со неговата девојка ги видоа најголемите знаменитости. Мајката на актерот Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард биле со познатиот пар во Рим.

Потсетуваме, се шпекулираше дека Ди Каприо сака да побегне од скандалот кој ја тресе Америка.

Имено, актерот се најде во фокусот на јавноста поради наводните снимки кои откриваат дека се дружел со Диди. Се дозна дека Ди Каприо бил омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Објавени се и фотографии од „белата забава“ во 1998 година, на кои актерот се смее и пуши. Сепак, извор близок до Ди Каприо вели дека актерот со години не бил во контакт со Диди, иако има докази дека двајцата заедно присуствувале на Демократската национална конвенција на 29 јули 2004 година и дека актерот бил на забавата на Диди за 50-от роденден. .

Извор: Индекс.хр

Зеленски: Северна Кореја се приклучува во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата вечерва рече дека Северна Кореја се приклучува во војната во Украина.

-Меѓу главните работи денеска беше извештајот на разузнавачките агенции за намерите на Русите за есенскиот и зимскиот период. Сè е многу детално. Практично зборуваме за вмешаност на Северна Кореја во војната, рече Зеленски во видео пораката.

Претходно тој предупреди дека Москва и Пјонгјанг, односно рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се договориле за „префрлање на луѓе“ од Северна Кореја во Русија и Украина за да се борат на страната на Русите.

Кремљ негираше, соопштувајќи дека станува збор за „лажна вест“.

Погба може да ја продолжи кариерата во САД

Пол Погба може да ја продолжи кариерата во првенството на САД. За играчот од средниот ред на Јувентус е заинтересиран за ФК Лос Анџелес, објави во понеделникот италијанскиот новинар Николо Шира.

Триесет и едно годишниот Французин е многу блиску до раскин на договорот со италијанскиот клуб. Веќе беше објавено дека Погба е во преговори со Олимпик Марсеј.

По 32 одиграни натпревари, ФК Лос Анџелес е на второто место во Западната конференција на МЛС.

Светскиот шампион со Франција, Погба, чија забрана поради допинг беше намалена од четири години на 18 месеци, ќе се врати на терените на крајот на ноември на егзибициски меч во Дубаи, објавија организаторите. /МИА

притисни ентер