Еве што треба да закачите за парите да ви течат како река

Оваа слика е вистински магнет за пари 

Ова привлекува изобилство во вашиот дом.

Според законите на Фенг шуи, сликите во домот можат да донесат финансиска благосостојба во животот на поединецот. Енергијата „Чи“ ќе почне да циркулира во вистинската насока и ќе работи во корист на домаќинот. Еве неколку стручни совети како да имате финансиска среќа со помош на слики. Станува збор за фотографии со риби, феникс, бродови, мртва природа и цртежи со стебла.

Стручњаците препорачуваат да обрнете внимание на сликите со риби, а нивниот број треба да биде непарен. Во идеална ситуација, би требало да имате девет слики со риби. Оваа бројка не е случајно избрана, бидејќи оваа година започна „ерата на деветтиот период“, а бројот 9 се смета за најмоќен, особено во полето на парите.

Сликата со феникс може да му помогне на поединецот да ги постигне своите цели. Феникс, птица што се издигнува од пепелта, го симболизира збогувањето со претходната далечна ера и отворањето на портите кон нови страници. Црвената птица се смета за носител на среќа и богатство, и се препорачува во домот да не се занемарува нејзиниот дизајн.

Сликите на бродови исто така имаат посебна улога во привлекувањето на финансиски просперитет. Важно е сликите да прикажуваат луксузни бродови, а клучно е правилно да бидат поставени на ѕидот. Експертите посочуваат дека е важно бродот да биде поставен така што крмата нема да биде свртена кон прозорецот, за бродот да „доплови“ во домот, а не да отплови заедно со парите преку отворениот прозорец.

Оваа слика треба да стои во кујната

Сликите со мртва природа исто така може да помогнат во привлекувањето на богатство во домот. Особено се препорачува сликите со мртва природа да бидат закачени во кујната или во дневната соба, бидејќи тие имаат моќ да привлечат богатство во семејството. Исто така, експертите препорачуваат цртежи со стебла од портокал и мандарина, и истакнуваат дека поставувањето на овие цртежи во одредени делови од домот, како на пример, југоисточниот дел од дневната соба, трпезаријата или кујната, може да привлече богатство и безгрижен живот.

Според стручњаците по Фенг шуи, со комбинирање на овие елементи, секој поединец може да има прилив на позитивна енергија и финансиска среќа во својот дом.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер