Ескалира спорот меѓу Грција и Британија за скулптурите: Како да сте ја искинале Мона Лиза

Спорот меѓу Британија и Грција околу сопственоста на скулптурите на Партенон, познати и како Елгинските мермери, ескалира денеска, а двете страни се обвинуваат меѓусебно за откажувањето на планираната средба меѓу двајцата лидери.

Британскиот премиер Риши Сунак во последен момент ја откажа средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, откако неговиот кабинет соопшти дека двете страни претходно се согласиле да не се користат како јавна платформа „за повторување на одамна решените прашања“.

Грција постојано го повика Британскиот музеј трајно да ги врати скулптурите стари 2.500 години што британскиот дипломат Лорд Елгин ги отстрани од Партенон во 1806 година, во периодот кога Грција беше под отоманска власт. „Воопшто не сум задоволен што британскиот премиер ја откажа нашата средба само неколку часа пред таа да се одржи“, рече Мицотакис во изјава за медиумите.

„Грчките ставови за скулптурите на Партенон се добро познати. Се надевав дека ќе имам можност да разговарам за нив со мојот британски колега. Секој што верува во исправноста и праведноста на нивните ставови никогаш не се плаши од соочување со аргументи“, рече тој.

Околу половина од вкупните 160 метри од фризот што го опкружувал храмот се наоѓа во Лондон, додека останатите 50 метри се во музејот на Акропол во Атина, чиј последен кат го имитира распоредот на Партенон. Во интервју за Би-Би-Си во неделата, Мицотакис се пожали дека разговорите за можно враќање на скулптурите во Атина не напредуваат доволно брзо.

Тој рече дека постојаното чување на скулптурите во Британскиот музеј е како да се искине Мона Лиза и дека не се работи за сопственост, туку за „повторно обединување“, карактеризација која британската влада ја отфрли.

„Премиерот не кажа ништо ново. Позната е грчката позиција за скулптурите на Партенон“, изјави Аристотелиа Пелони, советник на Мицотакис. „Несогласувањето за некои прашања не значи дека не можеме да разговараме.“

И Велика Британија и Грција рекоа дека спорот ја загрозува способноста да се разговара за глобалните прашања, вклучително и војните во Газа и Украина и климатските промени. Двајцата лидери требаше да разговараат и за миграцискиот план меѓу Обединетото Кралство и Грција.

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис рече дека откажувањето е без преседан и е знак на непочитување, но додаде дека Атина не сака спорот со Сунак да ги наруши генерално добрите односи меѓу двете земји.

Одлуката на Сунак да ја откаже средбата беше критикувана и од одредени британски опозициски партии и интересна група поддржана од британски политичари од различни партии кои сакаат да го решат проблемот. Грција не го признава Британскиот музеј како сопственик на скулптурите.

Група позната како Проект Партенон предложи скулптурите да се соберат заедно во Атина, без потреба Британија и Грција да се договорат за тоа кој ги поседува. Британската влада никогаш не размислувала да се откаже од сопственоста на скулптурите, тврдејќи дека тие се стекнати легално.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер