Елези: 450 проекти во вкупна вредност од 557 милиони евра реализирани преку ИПА, потребна е одржливост

Во 13- годишната примена на ИПА инструментот за индиректното управување во ниту еден момент не попуштила посветеноста и ентузијазмот и големото ниво на професионалност, рече заменик-министерката за финансии, Ширет Елези.

Автопатот Демир Капија - Смоквица, Смоквица - Гевгелија, Куманово - Миладиновци, железничката пруга Битола - Кременица, рехабилитација на 10 железнички станици, 4 пречистителни станици, 110 км канализациона мрежа, опрема за трансфузиологија се само дел од 450-те капитални проекти во вкупна вредност од 557 милиони евра реализирани во рамки на ИПА 1 програмата. Со цел обезбедување одржливост на овие проекти денеска беше одржана Конференција на која експерти од Министерството за финансии пред градоначалниците и директорите на јавните претпријатија објаснуваа за предизвиците во поглед на одржливоста.

„Целта не е да се изградат проектите за да постојат сами за себе. Проектите од ИПА 1 веќе се ставени во функција на граѓаните на нашата држава и ги уживаат придобивките од истите. Овие проекти бараат издвојување на значајни средства за нивно одржување, како и ангажман на соодветен кадровски капацитет со цел да траат многу години, односно да ја исполнат оправданоста од нивно финансирање. Верувам дека заедничката соработка и разбирање се суштински за обезбедување на одржливоста на капиталните и инфраструктурните проекти", истакна заменик-министерката за финансии Ширет Елези.

Елези информира дека за реализација на 450-те капитални проекти, преку Инструментот за претпристапна помош на ЕУ се доделени 308 милиони евра, дополнителни 160 милиони евра за Коридорот X се обезбедни преку заем од ЕБРД и ЕИБ, а буџетското учество за реализација на овие проекти изнесува 88,6 милиони евра.

Според заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, во 13- годишната примена на ИПА инструментот за индиректното управување во ниту еден момент не попуштила посветеноста и ентузијазмот и големото ниво на професионалност.

- Наш приоритет се и остануваат да бидат проектите од национален интерес, особено во делот на транспортот, животната средина и климатските промени, социјалата, образованието, владеењето на правото, рече Елези.

Таа потенцираше дека ИПА инструментот обезбедува значајна финансиска поддршка на стратешките приоритети на државата, со што се намалува фискалниот товар во Буџетот, но и се овозможува промовирање на значајните реформи во сите сегменти значајни за членството во ЕУ.

Дополнително преку ИПА 2 програмата во моментов се реализираат клучни проекти како патната делница Градско - Дреново, колекторскиот систем Скопје, развој на информативен систем за следење на животната средина и реновирање на затворите. За реализација на овие проекти од ИПА 2 програмата досега се потрошени 19,2 милиони евра ИПА средства и дополнителни 4,2 милиони евра буџетско учество, информира заменик-министерката, соопшти МФ.

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Како што информираат од Општината, свежо цвеќе положиле членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на општина Илинден предводени од градоначалникот, Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој бил член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал.

Фудбалскиот натпревар се одиграл на ново реконструираното фудбалско игралиште во Бунарџик, кое го носи името „Роберт Петковски“ каде Општина Илинден изврши целосна замена на асфалтниот слој, поставено лед осветлување, заштитна ограда, нови голови, клупи, корпи за отпадоци и партерно уреден простор.

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Павле Трајанов денеска на конрес е реизбран за претседател на Демократски сојуз.

На конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на партијата од 80 члена. Меѓу приоритетите, Трајанов нагласи дека се неопходни коренити уставни измени, односно нов Устав, зашто како што рече, амандманите на актуелниот го блокираат развојот и демократијата.

На седмиот Конгрес на Демократски сојуз на кој присуствувале над 400 делегати и гости бил избран Централен совет на ДС од 80 члена, а за претседател реизбран Павле Трајанов

Како што информираат од ДС, Конгресот усвоил и повик до граѓаните да се вклучат во промените, во кои меѓу другото стои дека се неопходни темелни реформи и кадровска обнова.

- Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси. На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат. Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите, соопштуваат од ДС.

На Конгресот, Трајанов нагласил дека на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава, дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција, деструкција и разградување на темелните вредности.

Трајанов зборувал и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочил коренити уставни промени, односно нов Устав, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи, реформирање на системот за безбедност, слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија.

Тој ги повикал делегатите на конгресот, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, како и сите граѓани, да излезат масовно на 8 Мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, и за кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ најавија постизборна коалиција

На десет дена пред парламентарните избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави постизборна колиција со албанската опзозиција „Вреди“. 

И двете страни ја потврдуваат заложбата за формирање на идната влада, доколку резултатите од првиот круг претседателски се пресликат и на парламентарните избори на 8-мај.

Отворена врата во коалицијата Мицкоски остава и за Движењето ЗНАМ, со чиј лидер Максим Димитриевски биле во комуникација, и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Според Мицкоски условите за избор на претседател во Собранието и гаранции за уставните измени, не се барања на Вреди, туку само на ДУИ.

За уставните измени како можен услов за постоизборна колилиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди денеска избегна да одговори и Изет Меџити, кој порача дека нема дилема кој ќе ја предводи идната влада.

Вчера пак лидерот на интегративците Ахмети порача дека не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одлучуваат дали ДУИ ќе оди во опозиција, туку дека за тоа одлучува народот.

притисни ентер