Екстравагантниот живот на италијанскиот милионер Џанлука Ваки (фото)

Педесетгодишниот мултимилионер и бизнисмен Џанлука Ваки не е обичен богаташ кој својот живот сака да го дели со следбениците на Инстаграм.

Откако се повлекол од бизнисот, истетовираниот Италијанец ги воодушеви социјалните мрежи кога со својата партнерка заигра на јахта.

Оттогаш доби преку 11 милиони следбеници на Инстаграм, а со нив секојдневно го споделува привилегираниот начин на живот – авиони, јахти, брзи коли и неверојатен вкус за мода.



Екипата на „Бизнис Инсајдер“ направила интервју со педесетгодишниот Ваки, кога слетал во Италија, каде бил за да ја посети својата мајка за Божик. И покрај славата која ја стекнал имал многу филозофски одговор на прашањето за тоа што мисли за социјалните “инфлуенсери“, откривајќи дека дури ни самиот не сака да се сфати сериозно.

Така Џанлука сфати дека неговиот живот се дели на два дела – првиот, кој траел до 45 година и кој го нарекува “работен живот“.

„На 45 години сфатив дека немам што повеќе да дадам. Не ме интересира собирањето пари, сакам да ги поместам границите на својата љубопитност“ – изјавил тој.


Turkey 🇹🇷 here i am...let's enjoy! #gvlifestyle

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on


Со семејниот бизнис почнал да се занимава на 25 години, откако завршил студии по економија. Заедно со својата роднина, реконструирал една стара семејна компанија и започнал со нејзино раководење. На 29 години одлучил да стане акционер, па така купувал и продавал компании во различни сектори, а како што изјави бил присутен во 12 различни дејност во исто време.



Иако во моментот не управува со ниту една компанија, себе си се уште се смета за бизнисмен и акционер. И понатаму е сопственик на компанијата IMA која произведува машини за пакување на фармацевтска опрема и други производи.



Тоа што навистина почнало да го интересира се социјалните мрежи.

„Не сум остарел толку многу да не ме интересира начинот на кои младите луѓе разговараат, но и се забавуваат“ – изјави и додаде дека брзо сфатил дека сака да биде дел од тоа. Па, така освен бизнисмен стана и ѕвезда.


Give color to your life #gvlifestyle

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on


За својата физичка состојба води многу грижа, па така секојдневно вежба но и танцува!

„Танцувањето е голем дел од мојот живот. Никогаш не сум отишол на час за танцување. Тоа е во мојата крв“ – изјавил и додал дека танцот ја отсликува другата страна од филозофијата на која го базира својот начин на живот и ги привлекува луѓето.





Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер