Екс агент на ЦИА: Граѓанската војна во Југославија ја предизвикаа САД!!

Поранешен агент на ЦИА открил список на политичари, генерали, новинари кои биле на платен список на Американците во нивната намера да се растури Југославија.

Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА по скоро три децении откри дека Соединетите Американски Држави ја предизвикале крвавата граѓанска војна за да ја растурат Југославија.

Баер на почетокот на 1991 година престојувал во Босна и Херцеговина како дел од шпионски тим во операцијата „Вистина“ која имала за цел да посее омраза меѓу Србите, Хрватите и Бошњаците.

-Добив упатства дека Словенија е подготвена да прогласи независност. Добивме пари, неколку милиони долари, за финасирање на разни невладини организации, опозициски партии и разни политичари за говор на омраза, истакнал поранешниот агент на ЦИА , Роберт Баер во очи промоцијата на својата книга „Тајните на Белата куќа“ во Квебек во Канада.

Баер во својата книга дури наведува и имиња на политичари од екс Југославија кој биле плаќани од страна на ЦИА.

„Стипе Месиќ, Фрањо Туџман, Алија Изетбеговиќ, многу советници и членови на влади во Југославија биле плаќани, но и српски новинари и генерали. Радован Караџиќ некое време бил на платниот список на ЦИА, но престанал да зема пари кога би обвинет за злосторства направени во Босна, кои биле организирани од американската администрација, тврди Баер.

Поранешниот агент тврди и дека ЦИА плаќала и уредници и новинари од екс Југославија, за зголемување на омразата меѓу народите.

-Веќе се знае дека некои агенти на ЦИА биле одговорни за пишување на официјални изјави кои ТВ водителите ги читале во вестите. Секако, спикерите не знаеле ништо, се добивале од шефот, кој беше наш човек. Сите имаа задачи,а преку телевизија се сееше омраза, национализам и се укажуваше на разликите меѓу луѓето.

Баер раскажал дека на 12 јануари во 1992 година со уште тројца агенти на ЦИА со хеликоптер стигнал во Сараево.

–Нашата задача беше да ги следиме наводните терористи од српска националност кои го нападнаа Сараево.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

Сиднеј: Тинејџери планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите

 Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми.

Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин.

Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април.

Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia.

Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот.

Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист.

Еј-Би-Си објави дека на нивниот син му се допаѓаат онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а сликата на профилот на момчето Вотсап е слика на самиот Бин Ладен. /МИА

притисни ентер