ЕК предложи план за исплата на заеми на Украина од приходите од замрзнатите руски средства

Комисијата предлага воспоставување Механизам за соработка за заеми за Украина, преку кој ќе се поддржат напорите на земјите од Г7 за доделување позајмици на земјата, во износ од 45 милијарди евра.  

Европската комисија денеска предложи сеопфатен пакет финансиска помош за Украина, кој се состои од Механизам за соработка за заеми за Украина, во вредност до 45 милијарди евра, како и вонредна позајмица за макрофинансиска помош во износ од 35 милијарди евра.

Средствата за овој план, кој, според ЕК, претставував решавачки чекор во зајакнувањето на поддршката за Украина, ќе бидат обезбедени од приходите од замрзнатите руски средства, со што се испраќа јасен сигнал дека товарот на обновата на земјата ќе го понесат одговорните за нејзиното уништување.

- Овој пристап ќе се примени првпат на структуриран начин за обезбедување долгорочна и стабилна финансиска поддршка за закрепнувањето и издржливоста на Украина, се додава во соопштението,

Комисијата предлага воспоставување Механизам за соработка за заеми за Украина, преку кој ќе се поддржат напорите на земјите од Г7 за доделување позајмици на земјата, во износ од 45 милијарди евра.

- Во услови кога Украина и натаму да се соочува со предизвици без преседан поради засилената руска агресија, овој предлог ја покажува непоколебливата посветеност на ЕУ за поддршка на суверенитетот и економската отпорност на Украина. Украинскиот Механизам за соработка за заеми ќе и понуди на Украина финансиска поддршка преку користење на финансиите обезбедени од извонредните неочекувани приходи од замрзнатите средства на Руската централна банка, посочува ЕУ.

Според Планот, Украина може да ги искористи овие средства за да ги отплати позајмиците од ЕУ и други кредитори кои учествуваат во иницијативата на Г7 за „Вонредни заеми за зголемување на приходите за Украина“ (ЕРА).

Во рамки на иницијативата ЕРА, ЕК предлага вонреден заем од 35 милијарди евра, наменети за задоволување на итните буџетски потреби на Украина, кои значително се зголемија во услови на засилена и продолжена руска агресија. Преостанатата сума на заемот треба да ја обезбедат другите земји од Г7.

- Со овој сеопфатен финансиски пакет се исполнуваат обврските преземени на Самитот на лидерите на Г7 во Апулија на 15 јуни и на Европскиот совет на 27 јуни. Преку овој пакет, Европската комисија ја потврдува својата посветеност да застане зад Украина, гарантирајќи дека поддршката на ЕУ останува цврста и ефикасна, се додава во соопштението.

Предлогот на ЕК сега треба да биде одобрен од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ во рамки на Европскиот советот со квалификувано мнозинство. Имајќи ја предвид итноста на предлогот, Комисијата најавува дека ќе работи интензивно со ЕП и Советот на ЕУ за негово побрзо усвојување.

Свечена Aкадемија за 80 години слободен Велес, врачени највисоките општински награди

По повод 80 години од ослободувањето на Велес, а воедно и Денот на Општната, синоќа во големата сала на театарот во Велес се одржа Свечена академија на која беа врачени традиционалните највиски општински награди и признанија.

На проф. д-р Јордан Нојков му беше врачена престижната награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Тој е познат специјалист анестизиолог, сега во пензија, а добитничка на наградата за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ е студентката Тамара Коцевска.

На Свечената академија, Спомен плакета на Општина Велес беа врачени на директорот на Државен завод за ревизија, Максим Ацевски и на граѓанската организација Извиднички одред „Димитар Влахов“- Велес.

Благодарница 9 Ноември ќе им биде доделена на над 20- те учесниците на XXIV „Вардарска регата Гемиџии 2024“, а која регата годинава пловидбата по Вардар од Велес не ја заврши во Гевгелија и за првпат продолжи и пловеше по Вардар се до вливот кај Солун.

Благодарници добија и писателката м-р Десанка Николова, д-р Теодора Тодорова, четиричлената планинарска експедиција во состав Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов и Николче Василев, како и организаторите на ултрамаратон „Велес- Лопушник“: Верољуб Додевски, Зоран Димов, Трајче Михов, Томислав Спасевски и Љубиша Андриевиќ, како и Здружението на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес и Здружение на граѓани ,,ОК Борец ветерани” Велес.

Врачени беа им 9-тто Ноемвриски пофалници на Јадранка Мајсторова, Елица Николова, Горан Алексов, Неформална група „Клисура Пешти“ во состав Слободан Ѓорѓиев, Борче Јовчевски и Сашко Ѓорѓиев, како и Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“ Велес.

На присутните им се обрати градоначалникот Марко Колев кој им ги честита наградите, искажувајќи почит и благодарност за ослободители на Велес од 9 ноември 1944 година.

Свечената Академија беше заокружена со концерт во чест на наградените насловен „Кондензиран воздив по тебе“.

Инаку, вчера во рамките на програмата беше положено цвеќе на Спомен костурницата на загинатите борци од Народноослободителната војна, а се оджа и придодна културно-уметничка програма.

Вчера во спортската сала „Гемиџии“ се одигра и веќе традиционалниот Меѓународен турнир на ракометни ветерани „Велес 2024“ што го организира Здружението на спортски ветерани во соработка со Општина Велес.

Во рамките на програмата „80 години слободен Велес“ во среда напладне во големата сала на Општина Велес ќе се одржи и свеченост во чест на наградените ученици и ментори кои добиле највисоки домашни и меѓунардни награди на разни натпревари во оваа 2024 година, а кои дополнително за афирмацијата на градот ќе добијат и награди од Општина Велес.

Оваа недела во четврток, петок и сабота на 14,15 и 16 ноември во Велес ќе се одржи и богатата програма на 57- те Детски Рацинови средби кои се под покровителство на Општина Велес, а во рамките на програмата „80 години слободен Велес“.

Археолошки истражувања: Трескавец се потврдува како милениумско духовно светилиште и живеалиште

Најновите археолошки истражувања го потврдуваат Трескавец како милениумско духовно светилиште и живеалишен комплекс со стратешко значење, констатираат од Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Најновите археолошки истражувања го потврдуваат Трескавец како милениумско духовно светилиште и живеалишен комплекс со стратешко значење, констатираат од Институтот за старословенска култура од Прилеп кој ги заокружи годинашниве археолошки истражувања за античката населба Колобаиса на Трескавец. Воедно, Институтот, преку проект на Министерството за култура за првпат направи виртуелна прошетка на Трескавец која секој заинтересиран може да ја види на веб страницата на Институтот.

-Нашите археолошки истражувања се, на некој начин, продолжување на она што се прави во континуитет веќе една и пол деценија, во однос на откривањето на оние постари слоеви за егзистенцијата на овој простор кој во средниот век добива манастирска функција преку манастирот Трескавец. Овие истражувања се за да се заокружат претходните. Всушност, се дефинира целокупниот обем на античката населба и претставуваат основа за понатамошни, детални истражувања. Со самото откривање на овие постари слоеви на живот кој овде егзистирал уште од антиката, се покажува оној континуитет што го има користењето на просторот веќе два и пол милениума. И во духовна и во живеалишна функција, вели Александар Василески, директор на Институт за старословенска култура од Прилеп.

Досега се откриени делови од некогашниот централен дел од античката населба Колобаиса во кој подоцна е адаптиран и изграден манастирот Трескавец. Откриени се и делови од влезната партија на населбата, станбени објекти и со овие истражувања, генерално, се дефинирани сите карактеристики кои ги имала римската и доцнаантичката населба, додека со истражувањата во внатрешноста на манастирскиот комплекс, се дефинирани некои од пораните фази од егзистенцијата на Манастирот, почнувајќи од 12,13 и 14 век.

Христијан Талевски од Институт за старословенска култура објаснува дека проектот за виртуелната прошетка на комплексот Трескавец, светски заштитено културно наследство, е со идеја да се обезбедат релевантни информации и да се комуницира на соодветен начин со пошироката јавност. Тоа е голема туристичка актрактивност.

-Виртуелната тура има за цел да се допре до повеќе категории посетители. Една од целите е и да се подигне нивото на свест за значењето на остатоците од минати човечки активности. Виртуелната прошетка е слободно достапна за секого. Преку интернетот и притискањето на копчињата, се доаѓа до различни позиции на целиот комплекс Трескавец, вели Талевски.

Трескавец е возобновен по пожарот од 2013 година. Останува да се доизгради водоводот за што локалните власти најавуваат дека за брзо ќе биде завршен проектот. Инаку во тек е проект за заштита на манастрирската црква „Успение на Превета Богородица“ каде прво треба да се реши најголемиот проблем кој може да направи неповратна штета – влагата која може да ги уништои фреските.

Гути го повика Реал да го врати 38-годишниот Рамос поради повреди на дефанзивците

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути ги повика одговорните во клубот да го ангажира 38-годишниот Серхио Рамос.

Дефанзивците на Реал Мадрид, Даниел Карвахал, Давид Алаба и Лукас Васкез се повредени. Едер Милитао вчера се здоби со скинати вкрстени лигаменти на коленото.

-Погледнете го загриженото лице на Анчелоти. Милитао е многу важен играч, штотуку се врати од повредата минатата година. Плус повредата на Карвахал. Алаба има долга повреда. Треба да излеземе на пазарот. Рамос остана без тим. Десен бек и среден бек. Јасно го гледам овој договор, и тоа по нула цена. Минатата година играше во Севиља и имаше добри настапи. Личност која беше во тимот, која беше активна лани. Кој продолжува да се грижи за себе и може да игра овие шест месеци, изјави Гути.

Останува да се види дали раководството на „кралскиот клуб“ ќе се согласи во тимот да го врати Серхио Рамос, опција за која шпанските медиуми пишуваа и пред еден месец.

притисни ентер