Едриличарите против одлуката за отстапување на просторот на Студенчишкиот канал на ЈП „Билјанини извори", за претпријатието нема ништо спорно

Од „Стрмец" сметаат дека се работи за самоволие преку злоупотреба на службената положба со цел дислокација и уривање на времените објекти на Центарот за едрење на вода, а на истата локација да се сместуваат приватни пловила.

Одлуката ЈП „Билјанини извори" да го преземе стопанисувањето со просторот околу Студенчишкиот канал на Охридското Езеро, каде се сидрат пловни објекти, предизвика реакција кај Едриличарскиот клуб „Стрмец" од Охрид што триесет години наназад тука ги чува и сидри своите пловни објекти како едрилици, кајаци, кануа и друга опрема.

Од „Стрмец" сметаат дека се работи за самоволие преку злоупотреба на службената положба со цел дислокација и уривање на времените објекти на Центарот за едрење на вода, а на истата локација да се сместуваат приватни пловила.

Тие истовремено тврдат дека воопшто немало иницијативи ниту намера од управата на „Билјанини извори" за да се оствари контакт со нив за надминување на сега веќе отворениот спор.

Со одлука на Советот на Општина Охрид од 31 јануари годинава, на ЈП „Билјанини извори" му се дава на времено користење, стопанисување и одржување, недвижен имот – градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти кои се наоѓаат на м.в. Студенчишта на КП.бр.5618 / 1 КО Охрид 4.

Според управата на ЕК „Стрмец", тоа е само обид да се „преземе" центарот за едрење на вода без, како што велат, „каква било одлука, нити некогаш се водела било каква постапка во Собрание на Општина Охрид или надлежен државен орган за одземање на владението, рушење или дислокација на постоечкиот Центар за едрење на вода."

-Борбата да се изгради јавно претпријатие кое ќе стопанисува со спортските објекти прераснува во раѓање на еден џиновски паразит кој го гуши градот и сите спортови во него. Од поставувањето рампи на јавни патишта, до преземањето на веќе изградени спортски центри од ентузијасти и спортски клубови, а се со цел да се исполнат лични интереси затскриени зад партиски интереси. Ништо од ова не му е потребно на Охрид, се наведува во соопштението од „Стрмец", од каде најавуваат покренување правна постапка против одлуката.

Управата на ЈП „Билјанини извори" со појаснување дека се работи за легално постапување согласно одлука донесена од Советот на Општина Охрид, дотолку повеќе што се работи за имот што е сопственост на Град Охрид.

Долгогодишното стопанисување со просторот не значи право на сопственост, односно доделувањето на користење на просторот на ЕК „Стрмец" на значи негово оттуѓување.

Засега од Јавното претпријатие тврдат дека не се преземени какви било дејствија на просторот, со нагласок оти на ЕК „Стрмец" е даден рок од седум дена да ги отстрани опремата и реквизитите што е наоѓаат таму за тие да бидат заштитени од евентуално оштетување. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер