Една година од упадот на Хамас во Израел, борбите и натаму не стивнуваат

Годината на ужас, жртви и страдање не донесе ниту привиден мир на Блискиот Исток. Сирени и ракети упатени од Хамас и од Хезболах од утрината го исполнија небото над неколку израелски градови. 

Израел возврати врз Газа и Либан додека илјадници Израелци ја одбележуваат горчливата годишнината од незапаметениот крвав упад на Хамас, кој за само еден ден уби 1,200 луѓе и грабна 251 заложник.

Стотина киднапирани Израелци се уште се во Газа, чија судбина и натаму е непозната.

-Mojата братучетка Камел беше грабната на 7.октомври и пред еден месец дознавме дека таа е убиена во заложништво. Тука сме за да кажеме дека ако не делуваме веднаш и не ги вратиме заложниците, можеме да ги загубиме сите нив.

-Ова е лузна за човештвото, ова лузна за лицето на светот. Ние мораме да направиме се што е возможно да ги вратиме заложниците кои се наоѓаат во тунелите и затворите во Газа. , изјави Исак Херцог, претседател на Израел.

Операцијата на Хамас покрена жестока копнена и воздушна офазнива на Израел во два милионската Газа, најгусто населеното место на светот. Според проценките досега загинале околу 42 илјади Палестинци, а две третини од објектите се срамнети со земја.

-Ова е мојот дом или она што остана од него. Тоа е мал дел од мојот дом каде не можам да влезам за да го земам она што ми припаѓа. Мојот сон е уништен. , изјави жителка на Газа

-Секогаш кога ќе погледнам во урнатините, ме прави депресивна. Мислите дека сонувате и сакате да се разбудите, но не можете ништо да вратите назад. , изјави жителка на Газа.

Локалниот конфликт доби регионални размери. Соочен со споредичните напади на таканаречената „Оска на отпорот“, меѓу кои и Иран, либански Хезболах, Хутите од Јемен, Израел го прошири фронтот во јужен Либан, а прашање на време е кога ќе одговори на неодамнешниот ирански масовен ракетен напад. Имаше повеќе безуспешни обиди за примирје, кои само еднаш резултираа со 10-дневен прекин на огнот.

-Нивото на страдање во Газа, нивото на смрт и уништување не може да се спореди со ништо што јас го посведочив откако сум генерален секретар на ОН. Секако дека ние го осдуваме терористичкиот напад на Хамас, но вистината е дека ништо не може да го оправда колективното казнување на Палестинците. , изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Либанските власти соопштија дека во денешните израелски напади загинале 10-мина либански пожарникари на југот на земјата.. Израел јави за 10-ина повреди цивили при ракетирањето на градот Хаифа од страна на Хезболах.

Орбан: Ќе донесеме мигранти во Брисел и ќе ги оставиме пред канцеларијата на Европската Унија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе донесе мигранти во Брисел и ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ.

„Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел.“

Неговите зборови беа придружени со громогласен аплауз од членовите на таа партија, со извици „Орбан, Орбан, Орбан“, пренесе АНСА.

„Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример“, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е нула“, бидејќи, како што наведе, неговата земја „не ја предава својата земја на други“.

Според него, унгарските власти не дозволуваат влез на илегални мигранти во земјата.

„Ќе ги браниме границите. Оние кои сакаат да влезат мора да чекаат дозвола и тоа мора да го сторат надвор од нашите граници“, рече Орбан.

Кога станува збор за социјалната политика, „во Унгарија - таткото е маж, а мајката е жена, така ќе остане дури и ако меѓународната левица е против тоа“, нагласи тој.

„Денес Унгарија е најбезбедната земја во Европа“, заклучи Орбан.

Борел: Блискиот Исток е на раб на целосен пожар

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен пожар кој, се чини, меѓународната заедница не е во состојба да го контролира“.

На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“.

„Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на насилство, омраза и одмазда“, објави Борел.

Тој рече дека ЕУ „жали и отфрла“ каква било ескалација на насилството на Блискиот Исток, вклучително и ракетниот оган на Хезболах, израелското бомбардирање на Либан, раселувањето на над еден милион Либанци и 60.000 Израелци, зголемените тензии поради иранските ракетни напади и „загрижувачките“ случувања на Западниот Брег.

Тој нагласи дека воените операции и оружјето меѓу сите страни нема „да му донесат иднина на народот на Израел или на народот на Палестина“. „Само политичко решение ќе донесе мир, безбедност и просперитет“, рече Борел.

Мурал на потпорен ѕид долг 120 метри крај реката Пена со порака за отпорност кон поплавите

Потпорниот ѕид изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ Пена, покрај тоа што обезбедува сигурност за возилата и пешаците, трансформиран е и во дело на уличната уметност.

Потпорниот ѕид изграден за спречување на лизгање на земјиштето во близина на ХЕЦ Пена, покрај тоа што обезбедува сигурност за возилата и пешаците, трансформиран е и во дело на уличната уметност, преку голем мурал кој пренесува порака за отпорност и единство во заедниците соочени со катастрофи.

Муралот е изработен како дел од серијата активности кои УНДП ќе ги спроведе за одбележување на меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти октомври.

На претставувањето на муралот нацртан по целата должина на ѕидот долг 120 метри денеска присуствуваа Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Армен Григорјан и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

„Овој ѕид е одлично направен и обезбедува безбедно одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните на Тетово кон Бањиче, популарна рекреативна дестинација. Но, беше сив и ние сакавме да го разубавиме, но и да испратиме значајна порака за отпорност и единство во заедниците соочени со ризик од катастрофи “, изјави Григорјан.

„Големо задоволство е да се биде тука со нашите партнери од УНДП, на презентацијата на овој мурал, во чија подготовка учествуваа и повеќе млади лица. Заедно спроведуваме значајни активности со кои сакаме во Полог да ја засилиме отпорноста кон поплавите и нашите заедници да ги направиме поотпорни на катастрофи“, рече Касами.

Инспирација за приказната претставена на муралот, уметниците најдоа во цртежите кои ги изработија учениците од повеќе основни училишта во Тетовско, на работилниците организирани од УНДП.

Ѕидот кој послужи како платно за уличните уметници е изграден во рамки на проектот за „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион“, финансиран од Швајцарија, кој Програмата за развој на Обединетите нации го спроведува во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во регионот, соопштуваат од УНДП.

притисни ентер