Градот е целосно блокиран , а се смета дека поправката на системот би трале со месеци. Градоначалникот Бернард Јанг рече дека би можеле да размислуваат за плаќање на откупнината што ја бараат хакерите .
,,Во овој момент , не доаѓа во предвид. Но , кога повторно ќе заживее градот? Би можел да размислам за тоа. Но , засега не сум одлучил.” , изјави за локалните медиуми.
Градските власти на Балтимор на 7. мај забележале дека нивните компјутери се заразени со вирус , кој оневозможува користење на датотеката. Балтимор веднаш побарал помош од ФБИ и ги исклучил системите за да се спречи ширењето на вирусот.
Но , со вирусот останаа погодени сситемите за гласовни пораки, електронска пошта, базата на податоци за казни за паркирање, како и системите за плаќање за сметки за вода и за данок на недвижности. Погоден е и системот за пријавување неисправни возила.
Хакерите за да ги оспособат системите побарале откупнина од три биткоини по систем (24 000 долари) или вкупно 13 биткоини (102 000 долари) .
,,Нема веќе да зборуваме, се што знаеме се пари!” , било напишано на пораката што ја оставиле хакерите.
За нападот се знае само дека е изведен со вирусот ,,РобинХуд” , релативно нов вид компјутерски вирус.
Балтимор е втор град во САД нападнат со истиот вирус. На 10. април годинава беше нападнат и градот Гринвил во државата Северна каролина. Тој напад уште се истражува , а властите не платија откуп.