Двајца мртви и 20 повредени во Либерија

Портпаролот на партијата на Боакаи кажа дека не се сомнева дека чинот бил намерен. Возачот побегнал, изјави службеникот.

Најмалку две лица загинаа, а многу се повредени откако возач синоќа со својот автомобил влетал во приврзаниците на Џозеф Боакаи, само неколку часа откако тој беше прогласен за победник на претседателските избори во Либерија, соопштија болнички, полициски и политички извори.

Полицискиот службеник не ја кажал причината за несреќата, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на партијата на Боакаи кажа дека не се сомнева дека чинот бил намерен. Возачот побегнал, изјави службеникот.

-Две лица загинаа, а едно е во критична состојба, изјави ноќеска Сиа Вата Каманор од болничкиот центар „Џон Ф. Кенеди“ во Монровија во текот на ноќта.

Дваесет лица се повредени, додаде таа.

Инцидентот се случи истата вечер кога Националната изборна комисија ја објави тесната победа на Џозеф Боакаи над актуелниот претседател Џорџ Веа, во вториот круг од претседателските избори, што беа одржани на 14 ноември,

Во земјата постоеше стравување од избивање немири по објавувањето на резултатите од изборите, кои поминаа во мирна атмосфера и беа пофалени од странските партнери на Либерија, која во 2003 година излезе од долгите години на граѓанска војна.

Поддржувачите на Боакаи, синоќа, меѓу 21 и 22 часот по локално време, ја прославуваа победата пред просториите на партијата во центарот на главниот град, кога возило паркирано недалеку од групата прво блендувало со светлата, а потоа ги исклучило и удрило во групата, изјави, врз основа на сведоштва на присутни, портпаролот на Партијата заедништво, Мохамед Али.

На видеа споделени на социјалните мрежи се гледаат многу луѓе на земја облеани во крв, додека некои добиваат помош, а други лежат неподвижни.

Полицискиот службеник Мелвин Сацко изјави дека возилото удрило во луѓето и се запалило, не наведувајќи го точниот број на жртвите. Тој само потврди дека во болничкиот центар се примени најмалку 16 лица, 12 мажи и четири жени. /МИА

СДСМ: Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи.

ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот

Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.

Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Халанд најбрзо до 40 гола во Лигата на шампионите

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.

притисни ентер