Дуња Иванова - македонска репрезентативка на Европското првенство Маратон во Данска

​На 18ти август, Виборг - градот домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам Маратон, ќе биде сцената за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција од цела Европа.

Дуња Иванова, како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници на националните тимови на сите европски земји. Дистанцата од 75км и 1800м висинско искачување која ја најавува организаторот, од возачите ќе бара подготвеност за брзи и технички козји патеки и прилагодување кон различни подлоги на теренот.

„Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи, зашто токму оттаму потекнува и фундаментот за постоење на овој спорт воопшто. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех за кој знаеме дека неминовно доаѓа како резултат на нашата посветеност“, вели Љубиша Кондев, тренер и еден од основачите на ВК Енерџи.

Дуња Иванова е државен првак во планински велосипедизам, со бројни домашни и меѓународни подиуми.

Македонскиот велосипедски спорт за првпат има свој претставник на Европско првенство во Маратон.

Турција ја користи состојбата по падот на Асад за да се пресмета со Курдите во Сирија (ВИДЕО)

Во тек се борби меѓу протурските сили и курдските милиции во северна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Сириската опсерваторија за човекови права, воен мониторинг, соопшти дека Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите во текот на ноќта истрелале ракети врз позициите на Сириската национална армија (СНА) поддржани од Турција во близина на браната Тишрин.

СНА одговориле со силен оган врз курдски цели во близина на пограничниот град Кобане. СДФ соопшти дека имало тешки борби на неколку фронтови и дека биле убиени 17 припадници на СНА. Тие тврдат дека меѓу убиените има најмалку еден командант.

Воен мониторинг со седиште во Обединетото Кралство рече дека неколку цивили исто така биле повредени во нападите на СНА.

СНА напредува кон областите под контрола на Курдите во северна Сирија. Турција е обвинета дека се обидува да го искористи вакуумот на моќта во Сирија за да ги уништи областите под контрола на Курдите во северниот дел на земјата.

Курдската СДФ е поддржана од САД, но Турција ја смета за огранок на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а со тоа е терористичка организација.

25- годишен маж пукал во деца кои сакале да го ограбат-тешко се повредени, едното е критично

Повеќе деца се повредени во обид за божиќен грабеж во Хјустон, а полицијата верува дека децата се извршители на неуспешниот грабеж.

На прес-конференција одржана од канцеларијата на шерифот на округот Харис, мајорот Саул Суарез рече дека обидот за грабеж се случил во средата нешто по полноќ. Полициски службеници одговориле на повик од станбен комплекс во северозападниот дел на градот, каде што пронашле неколку момчиња со прострелни рани.

Момчињата на возраст од 12 до 14 години биле пренесени во блиската болница. Еден од нив бил во критична состојба, додека другите двајца се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Официјални лица веруваат дека пукањето се случило кога децата се обиделе да ограбат 25-годишен маж, за кого полицијата соопшти дека пукал со својот пиштол кон нив.

Уапсени се едно од момчињата вклучени во грабежот и човекот кој пукал во нив.

Името на мажот не е објавено, а останува нејасно дали ќе се соочи со обвинение. За тоа ќе одлучуваат обвинителите или големата порота.

Девојката на момчето што пукал кон децата зборувала за деталите од грабежот. Како што објаснила, на враќање од божиќна забава, биле опкружени со најмалку четири вооружени момчиња, а нејзиното момче на почетокот мислело дека тоа е шега.

Фифти Сент и Еминем ќе објават заеднички албум

Изгледа дека соработката што многу фанови ја чекаа конечно ќе се оствари.

Имено, 50 Cent потврди дека ќе сними заеднички албум со Еминем.

Откако Еминем неодамна откри дека единствената пречка за проектот е нивниот „сопствен тајминг и организација“, 50 Cent се огласи на Инстаграм за да објави дека ќе излезе од рапската пензија за да сними албум. Тој вчера ја сподели веста која многумина ја чекаа. „По сѐ изгледа ќе се вратам во студио!“ напиша тој. „Прво треба само да ги направам шоута во Вегас.“

Пред рап ветераните да влезат во студиото, 50 Cent ќе влезе во историјата со својот прв голем концертен серијал во Лас Вегас насловен „50 Cent: In Da Club“. Настанот започнува вечерва, а завршува на 4 јануари.

Дури минатата година, 50 Cent откри дека работи на нова музика и рече дека Еминем веќе го контактирал тогаш. Тој наводно му рекол дека д-р Дре, кој исто така треба да биде дел од проектот, подготвува нешто посебно. „Штом го кажав тоа, добив порака од Еминем дека тој веќе разговарал со Дре и дека Дре прави нешто, и има некои луди работи што треба да ги слушнам“, се сеќава 50 за Биг Бој во тоа време.

Тој исто така објасни како вклученоста на Дре го носи проектот на следното ниво: „Ќе направам нешто и ќе ја барам најдобрата музика што можам да ја смислам. И кога ќе најдам нешто што навистина ми се допаѓа , го носам Дре за да го турнам да ми понуди нешто затоа што тој секогаш има нешто... Секогаш имал нешто.“

Објавата на Фифти набрзо собра над 150 илјади лајкови, а фановите во коментарите се воодушевени. „Трпеливо чекавме“, „ова може да го спаси хип хопот“, „сè со допирот на 50 и Еминем се претвора во злато“, се само дел од коментарите.

притисни ентер