Драма : Русинка избегала од карантин за коронавирус , ниту полицијата не може да ја врати (ВИДЕО)

Русинка, која бил во карантин под сомнение дека е заразена со коронавирус , избегала и сега и се противи на полицијата што се обидува да ја врати.

Ала Илјана (32) во моментов е во нејзиниот стан во Санкт Петерсбург и одбива да им ја отвори вратата на полицијата. Таа се вратила од Кина минатиот месец и имала негативни тестови на коронавирус на 6-ти февруари. Но, била замолена да остане во карантин уште две недели. Лута за ваквата наредба, таа ја скршила електронската заклучена врата и избегала од болницата.

На својот профил на Инстаграм, оваа дипломирана физичарка тврди дека непосредно по 30 јануари, кога се вратила од кинескиот остров Хаинан, имала болки во грлото. На 6 февруари ја повикале од болницата и ја сместиле во Центарот за инфективни болести Боткин.

Тестовите покажале дека не е заразена со вирусот, но следниот ден, поради претпазливост, добила наредба да остане во болницата уште две недели.

„Сите три теста покажаа дека сум целосно здрава, па зошто ми е тогаш карантин?“, напиша Илјана.

Подоцна истиот ден, таа предизвикала краток спој на електронската брава и избегала од болницата. Таа дури нацртала мапа на зградата додека планирала да избега.

Илјана изјави дека градските власти не и одговориле скоро цела недела. Но, тие сега бараат судска наредба за да можат да ја натераат да оди во карантин барем до 19 февруари.

Повеќе од 1.350 луѓе починале од коронавирусот во Кина, а болеста се прошири во повеќе од 20 земји, вклучително и во Русија. Пријавени се два случаи во оваа земја. И двајцата се кинески државјани, од кои едниот бил пуштен од болницата по закрепнувањето.

Патем, руските власти однеле над 140 нивни граѓани, во карантин во Сибир, директно со авион од Кина.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

притисни ентер