Драма на Ролан Гарос: На гледач му се слоши, Алкараз и Синер веднаш го прекинаа мечот

Драматични сцени се забележани во четвртиот сет од полуфиналната пресметка меѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз на Ролан Гарос, додека на еден од навивачите му се слоши на трибините.

Во моментот кога Карлос требаше да сервира, од трибините се слушна повик за помош, па тенисерите веднаш престанаа да се подготвуваат за бод и погледнаа во правец на трибините.

Лекарите веднаш дошле на местото на настанот за неколку секунди за да укажат помош.

Сè траело околу две минути, по што бил згрижен навивачот, а тенисерите заедно со главниот судија внимателно ги придружуваа сите за да се уверат дека сѐ е како што треба, пред да продолжи натпреварот.

Времето денеска во Париз е топло, во тој момент било околу 23 степени, со тоа што на сонце се чувствувало уште потопло.

Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува дека војната во Украина би започнала порано и „веројатно би била полоша“ доколку Киев започнеше процес за добивање членство во НАТО во 2008 година.

- Воениот конфликт ќе го видевме многу порано. Ми беше целосно јасно дека претседателот (на Русија) Владимир Путин нема да остане рамнодушен и да гледа како Украина влегува во НАТО. А тогаш, Украина како држава сигурно не би била толку подготвена како што беше во февруари 2022, рече таа за Би-Би-Си.

Во реткото интервју од повлекувањето од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост за повторните закани од Путин за употреба на нуклеарно оружје.

- Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „започнал инвазија на Украина“ само неколку месеци откако ја напуштила функцијата.

Би-Би-Си посочи дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станаа зависни од Москва, а Германија изгради два гасоводи директно поврзани со Русија.

Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.

Таа додаде дека се обидела да ги задржи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што наведе, „на крајот не успеале“.

- Новата ера во односите на Европа со Русија, за жал, започна по целосната инвазија на Украина, нагласи германската канцеларка.

СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ

Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ.

Реакицја на СДСМ на прес конференцијата на Миле Лефков од ДПМНЕ

Новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот Конгрес на СДСМ ја вознемири ДПМНЕ.

СДСМ покажа дека се издигнува после пораз а Конгрес е пресвртница во опозициското дејствување на партијата.

Внесовме нова енергија во нашите редови. Ги отворивме вратите за сите кои се блиски до социјалдемократски идеи и вредности.

Новиот Централен одбор на СДСМ го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани.

Изборот на нова заменик претседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска е додадена вредност на партијата каква што ДПМНЕ никогаш немала.

Партијата со белиот дворец не може да го смисли прогресивното граѓанско општество, затоа и невладините организации и неистимислениците отсекогаш биле таргет на ДПМНЕ.

Ја разбираме нервозата од владејчката ДПМНЕ која не успеа да испорача ниту едно ветување и која има катастрофални резултати од работењето за само 5 месеци од мандатот.

Скопје, 25.11.2024

СДСМ

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,029 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,737 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,489 отсто, кај дизелот за 3,554 и кај екстра лесното масло за 2,215 отсто, а кај мазутот има намалување за 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524 отсто.

притисни ентер