Докторка тврди дека живеела и пред своето раѓање! (видео)

Открива што видела таму и како изгледал духовниот водич...

Нејзините сеќавања изненадуваат и се многу слични со искуствата на лицата кои имале блиска средба со смртта.

За повеќето возрасни лица, најраното епизодно сеќавање е од третата година од животот. Сепак, научниците тврдат дека вистинската меморија се формира дури по седумгодишна возраст.

Меѓутоа, д-р Кристина Долахен тврди дека се сеќава на сè што ѝ се случило уште пред да се роди и да дојде на овој свет, пишува Lad Bible.

Овие сеќавања не се толку чести како што се искуствата на лицата кои имале блиска средба со смртта, но верувале или не, тие се многу слични. Луѓето кои се сеќаваат на нивните животи пред раѓањето го опишуваат ова искуство како минување низ тунел (за кои често се смета дека тунелот го претставува породилниот канал), светлина и духовен водич кој ги придружува низ подготовките за животот што ќе го живеат. За верниците тоа е доказ за постоење на живот после смртта и бесмртноста на душата, други тврдат дека станува збор за реинкарнација, додека повеќето научници скептично ги отфрлаат ваквите аргументи, тврдејќи дека се измислици или халуцинации.

Сепак, д-р Долахен тврди дека има живо сеќавање за сè она што ѝ се случило пред да дојде на овој свет.

- Моето најрано сеќавање е поврзано со чекорењето низ една духовна димензија. Тешко е да се опише, а камоли да се дефинира како изгледа. Сè е исполнето со енергија и љубов, светли бои и облаци. Беше многу топло, пријатно и убаво. Се чувствувате лесни како пердув - опишала таа.

- Станува збор за исклучително развиено духовно битие кое ги преживеало сите свои животни циклуси на Земјата – додала таа.

Како што се наближувало нејзиното раѓање, таа чувствувала сè поголема вознемиреност, а во еден момент дури и го прашала својот духовен водич дали навистина мора да „оди“, т.е. да се роди, пред да биде втурната во вителот за да го започне својот нов живот.

Иако нејзините сеќавања од животот пред раѓањето за многумина звучат како научна фантастика, на Редит се појавија и други луѓе кои тврдат дека имале слични искуства.

- Се сеќавам дека бев како блескава топка и стоев со други блескави топки чекајќи да ми дојде редот да се родам.

- Мојата душа се роди од темнината и одеднаш само постоеше.

- Се сеќавам на огромната љубов што ме опсипуваше пред да се родам. Од љубов доаѓаме и во љубов се враќаме - изјавила трета личност опишувајќи го своето искуство пред раѓањето.

95- годишен милионер го оставил целото богатство на својот град, но под еден услов

Милионерот Марселин Артур Шај, кој поголемиот дел од својот живот го поминал во француската општина Турет, целото свое богатство го остави во родниот град.

Милионерот Марселин Артур Шај, кој поголемиот дел од својот живот го поминал во француската општина Турет, целото свое богатство го остави во родниот град под услов да се искористи за изградба на центар за стари лица, кој ќе може да прими до 10 луѓе, а ќе биде завршен до 2026 година.

Севкупно, Марселин ѝ остави на општина Турет 2,5 милиони евра: 2.187.301 евра тековни сметки и 338.186 евра од полиси за животно осигурување.

По објавувањето на донацијата, градоначалникот Камил Буж даде изјава:

- Овој објект не смее да има намена за остварување профит, туку строго социјален. Можеме да се сметаме за среќни поради ова наследство и да изразиме благодарност, можеме да застанеме и да плескаме во спомен на покојниот господин Ше - пишува Дејли Меил.

Мештаните, наводно, биле трогнати од веста, бидејќи наследството на Марселино добро се вклопува со репутацијата што ја имал во градот. Многумина ја забележаа неговата добрина и дарежливост во текот на неговиот живот. Еден жител, Марк, рече дека не е изненаден од донацијата, опишувајќи го Марселино како некој кој „секогаш им помагал на другите“. Друга жителка, Ана, која долги години работела како негувателка, ја пофали идејата за посветен објект за нега на стари лица. „Долго време работам со стари лица и конечно, еве една добра идеја“, рече таа.

Градот што Марселин го нарекол дом пред неговата смрт се наоѓа во планински регион во внатрешноста на Азурниот брег на југот на Франција. Според France This Way, градот понекогаш се меша со Tourrettes-sur-Loup, село лоцирано во Прованса во друг дел од регионот.

Талибанците се пофалија дека излечиле 95 проценти од 4 милиони Авганистанци- наркомани

Заменик авганистанскиот министер за борба против наркотици Абдул Рахман Касеми изјави дека во Авганистан има околу четири милиони наркозависници, односно дека секој десетти во таа земја е зависник од дрога.

Касеми посочи дека поради еден наркоман, негативни последици трпат уште најмалку седум лица, главно членови на неговото семејство, пренесе РИА Новости.

Касеми, говорејќи во центарот за лекување наркомани „Агуш“ во Кабул, рече дека, според МВР, илјадници луѓе во Авганистан се лекуваат од зависност од дрога.

Касеми истакна дека за повеќе од три години откако талибанците се вратија на власт во Авганистан, повеќе од 100.000 зависници од дрога се лекуваат, а 95 отсто од нив биле излечени.

Според Касеми, одгледувањето дрога и трговијата со дрога во Авганистан се сведени на нула.

Вториот заменик министер за борба против дрогата Абдул Хак Хамкар изјави дека во центарот за рехабилитација „Агуш“ се лекуваат 5.000 наркозависници, на кои меѓу другото им е обезбедена и бесплатна настава по веронаука.

Рибари со чамец влетаа во торнадо, немаа каде да избегаат (ВИДЕО)

Драматична приказна е снимена во близина на брегот на Тексас, додека двајца рибари и нивното куче пловеле по море.

Тие уживале на бродот, а потоа небото се смрачи. Почна да врне, додека ветрот наеднаш се засили, пренесува Метро.

По некое време, невремето драстично се влошило. Тогаш Брајан Џонсон и неговиот пријател сфатиле дека се упатуваат директно кон торнадо. Немале друг избор освен да се прекрстат и да се надеваат на најдобро.

„Ако паднеш, одам по тебе“, се слуша на видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Рибарите биле решени да останат во пловилото, додека ветерот го нишал лево-десно. Биле исплашени, целосно мокри, но некако преживеале.

По драматичното искуство, Брајан објаснил што се случило.

„Бевме на риболов и бевме фатени во торнадо. Поминавме низ него и преживеавме. Господ нѐ спаси“, рекол рибарот.

Националната метеоролошка служба потврдила дека торнадо ЕФ-3 подоцна го допрело автопатот 124 во округот Чемберс. Едно лице е повредено, а налетите на ветрот урнале столбови од електрична мрежа.

притисни ентер