Доколку од партнерот слушнете ваква „љубовна изјава“, бегајте колку што ве држат нозете!

 Психолозите оваа реченица ја сметаат за токсична!

Колкупати сте слушнале слични зборови мислејќи дека се вистинити и од срце?

Психијатрите честопати, кога поставуваат дијагноза и се обидуваат да излечат пациент, поставуваат четири тези барајќи одговор од личноста. Одговорите на терапевтот ќе му кажат сè што треба да знае за вас и како да пристапи кон вашиот третман, а тезите се исклучително едноставни.

- Го сакам мојот сопруг и можам да живеам без него.

- Не го сакам мојот сопруг, но не можам да живеам без него.

- Го сакам мојот сопруг и не можам да живеам без него.

- Не го сакам мојот сопруг и можам да живеам без него.

Од пациентот се бара да ги избере два одговора кои најдобро ја опишуваат неговата ситуација.

- Имено, двата одговори што сте ги избрале се погрешни. Вистина е дека можете да го сакате или да не го сакате својот сопруг, но и дека во секој случај можете да преживеете без него. Размислете што ќе се случи ако започне војна? Дали би умреле истиот момент ако загине вашиот партнер или ако загинале вашите родители? Одговорот секако би бил не, но треба да преживеете. Вие секако мора да преживеете со или без партнерот – објаснува психотерапевтот.

Оваа психотерапевтка се присетила на една нејзина пријателка чијшто сопруг секој ден ѝ ја кажувал истата реченица, а која нејзината пријателка ја доживувала како најголема изјава на љубов, но всушност се работи за крајна зависност, која е на ниво на зависност на бебето од мајката. Имено, реченицата гласи:

- Ти си мојот живот, не би можел да преживеам без тебе – велел тој, додека таа ја поставувала масата за јадење, му подавала крпи, долна облека и пижами, и така 20 години тој не научил што каде стои.

Познатиот руски психолог Михаил Литвак истакнува дека токму оваа реченица е предупредувачки знак и може да укажува на нездрава динамика во врската. Оваа реченица за многумина е банална, можеби дури и смешна, но не е израз на љубов, туку знак за предупредување.

- Ако вашиот партнер вели дека му требате за да преживее или дека не може да живее без вас, тоа не е добро. Оваа изјава укажува на тоа дека лицето на некој начин е зависно од вас. Ова може да значи дека партнерот несвесно од вас бара да станете негов негувател на емотивно ниво, а тој ваше емотивно дете. Таквата динамика не доведува до здрав и рамноправен однос помеѓу партнерите и не дозволува развој на вистинска љубов – објаснува Литвак.

Д-р Ричард Кукерли верува дека оваа реченица може да открие некој кој доживува состојба на зависност и погрешно верува дека тоа е љубов.

- Таквите личности буквално чувствуваат дека не можат да живеат без својот партнер. Тие очекуваат нивниот партнер да им биде посветен емотиционален старател, слично како што мајката му е потребна на своето бебе. Тоа значи дека партнерот не е со вас затоа што свесно одлучил да биде, на пример, зашто го цени вашето присуство, ве цени и сака како личност, па сака со вас да го дели својот живот, туку дека тој се плаши да биде сам или на некој начин зависи од вас, а тоа не е љубов – заклучува д-р Кукерли.

Халанд најбрзо до 40 гола во Лигата на шампионите

 Фудбалерот на Манчестер сити, Ерилнг Халанд синоќа беше стрелец во победата на неговиот тим против Лајпциг со 3:2 во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Норвежанецот на оваа средба го постигна својот 40-ти гол во 35-от натпревар од елитното фудбалско натпреварување.

Халанд е играчот кој најбрзо стигна до 40 гола во Лигата на шампионите. Тој го собори и рекордот на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионите (23 години, 130 дена).

Оваа сезона, 23-годишниот Халанд забележа 20 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и четири асистенции.

Турција очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО до крајот на годинава

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека неговиот турски колега Хакан Фидан му рекол дека ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО може да се случи „во рок од неколку недели“.

-Го чекаме спроведувањето на ратификацијата. Вчера имав билатерална средба со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на која тој изјави дека очекува ратификацијата да се случи во наредните недели, рече Билстром.

Изјавата на шведскиот министер ги потврдува зборовите на висок функционер на Стејт департментот, според кои турскиот министер за надворешни работи вчера на своите колеги од НАТО им рекол дека напорно работи на ратификацијата на приемот на Шведска во алијансата и посочил како веројатен период до крајот на годината.

Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

притисни ентер