Дојран, Берово, Ресен и Kрушево дел од проектот „Културно лето, културна зима“

Дојран, Берово, Ресен и Градот на културата за 2014 година Крушево, се општините кои заедно со Министерството за култура ја почнаа реализацијата на проектот „Културно лето, културна зима“ кој ќе создаде предуслови за развој на севкупниот туристички сектор во Македонија.

Овие општини кои имаат големи туристички потенцијали, соопшти Министерството за култура, ќе им овозможат на граѓаните и на туристите од регионот да уживаат во богата културно-уметничка програма во текот на летото.

Во Крушево, градот на културата за 2014 година, во тек е манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ и Летниот саем на книгата кој ќе трае се до 15 август. На саемот во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ освен промоциите на повеќе книги од познати автори посетителите ќе можат да се дружат и со младите писателки Елена Христова и Ирена Блажевска.

Вечерта пак е резервирана за концертот на познатиот естраден уметник Миле Кузмановски кој ќе се одржи во 21 часот на градскиот плоштад во Крушево.

Во Домот на културата утревечер со почеток во 20.30 часот граѓаните и посетителите на Крушево ќе можат да уживаат во класичната музика. Во рамки на вечерта на оперски дуети насловена „ Љубовни приказни“ ќе настапат сопранот Билјана Јосифов и тенорот Дарко Нешовски во пијано придружба на Милан Јанкуловски, стои во соопштението.

Приведен кочанчанец за агресивност и со пиштол удирање женско лице

Кочанчанец бил приведен поради агресивно однесување и удирање со пиштол женско лице, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 14 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода О.Ц., на возраст од 38 години. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице, појаснуваат од МВР.

Подоцна, при претрес во неговиот дом и во неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми - калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Градежните активности на подвозникот кај кумановската населба „Перо Чичо“ ќе завршат во јуни

Градежните активности на подвозникот кај кумановската населба „Перо Чичо“ ќе завршат до средината на јуни.

Граѓаните од кумановската населба „Перо Чичо“ бараат од јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија да го прошири тротоарот на улицата „Ѓорче Петров“ под надвозникот кој е дел од изградбата на трасата од пругата кон Бељаковце. Тие велат дека тротоарот е претесен и не можат да се разминат двајца пешаци, ниту пак да поминат родители со колички за деца или пак лица со попреченост кои користат колички за движење.

Од ЈП ЖРСМ велат дека направената експертиза на постоечкиот подвозник покажала дека не ја задоволува носивоста и е неопходна санација на постоечкиот или изградба на нов подвозник.

- Работите се одвиваат согласно ревидиран и одобрен проект. Сообраќајот под подвозникот е регулиран и се одвива согласно одобрен сообраќаен проект за времен режим од страна на СВР Куманово и Општина Куманово, и е во интерес на безбедноста на патничкиот сообраќај, информираа од претпријатието.

Оттаму наведуваат дека градежните активности ќе завршат до средината на јуни, годинава.

Вкупната должина на железничката пруга која поминува на подрачјето на Куманово изнесува 12, 5 километри.Дел од активностите се одвиваат во густо населено подрачје.

Една од трасите поминува низ населбата Бавчи, од над маркет сè до Спомен костурницата. Таму општината предвиде изградба на улица, но поради стратешкиот проект ќе почека на реализација. Од општина Куманово информираа дека за овој дел од изградбата на стратешкиот и националниот проект веќе се одржани средби со претставници на претпријатието.

Планираниот надвозник во населбата „Перо Чичо“, ќе овозможи лесна и безбедна комуникација на населбата со останатиот дел од градот.

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото.

Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој потврди дека добил гаранции од шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес дека Мадрид официјално ќе ја признае Палестина на 21 мај. Борел рече дека Белгија сега нема да ја признае „независна Палестина“, но оти Брисел „не ја исклучува“ таа можност во иднина, пренесува шпанска РТВЕ.

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, вчера изјави дека словенечката влада ја почнала процедурата за „признавање на независна, суверена држава Палестина“.

Фајон објасни дека одлуката на словенечката влада се заснова на „границите меѓу Израел и Палестина од 1967 година, што значи дека територијата на Палестина би ги опфаќала Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим“.

притисни ентер