Градежните активности на подвозникот кај кумановската населба „Перо Чичо“ ќе завршат во јуни

Градежните активности на подвозникот кај кумановската населба „Перо Чичо“ ќе завршат до средината на јуни.

Граѓаните од кумановската населба „Перо Чичо“ бараат од јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Македонија да го прошири тротоарот на улицата „Ѓорче Петров“ под надвозникот кој е дел од изградбата на трасата од пругата кон Бељаковце. Тие велат дека тротоарот е претесен и не можат да се разминат двајца пешаци, ниту пак да поминат родители со колички за деца или пак лица со попреченост кои користат колички за движење.

Од ЈП ЖРСМ велат дека направената експертиза на постоечкиот подвозник покажала дека не ја задоволува носивоста и е неопходна санација на постоечкиот или изградба на нов подвозник.

- Работите се одвиваат согласно ревидиран и одобрен проект. Сообраќајот под подвозникот е регулиран и се одвива согласно одобрен сообраќаен проект за времен режим од страна на СВР Куманово и Општина Куманово, и е во интерес на безбедноста на патничкиот сообраќај, информираа од претпријатието.

Оттаму наведуваат дека градежните активности ќе завршат до средината на јуни, годинава.

Вкупната должина на железничката пруга која поминува на подрачјето на Куманово изнесува 12, 5 километри.Дел од активностите се одвиваат во густо населено подрачје.

Една од трасите поминува низ населбата Бавчи, од над маркет сè до Спомен костурницата. Таму општината предвиде изградба на улица, но поради стратешкиот проект ќе почека на реализација. Од општина Куманово информираа дека за овој дел од изградбата на стратешкиот и националниот проект веќе се одржани средби со претставници на претпријатието.

Планираниот надвозник во населбата „Перо Чичо“, ќе овозможи лесна и безбедна комуникација на населбата со останатиот дел од градот.

Шок во Тирана: Тројца мажи киднапирале момче среде главниот плоштад и го силувале

Во Тирана денеска е киднапиран и силуван 20-годишен млад човек, соопшти полицијата, додавајќи дека сторителите се уапсени.

Невидениот настан се случил на плоштадот Скендербег во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува VoxNews.

Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото.

Се сомнева дека целиот настан се случил од банални мотиви.

Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале младиот човек.

Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.

Материјалите се проследени до Обвинителството.

Алигатор од 4 метри „ненајавено посети“ училиште во Флорида (ВИДЕО)

Експерти за диви животни биле повикани во училиште во Флорида откако граѓани забележале алигатор како талка по патеката.

Локалната полиција набрзо пристигнала на местото на настанот. Било истакнато дека рептилот талка низ делот што секојдневно го користат децата, пренесува UPI.com.

На Инстаграм е објавено видео од фаќањето на импресивен алигатор од 3,8 метри.

„Надлежните служби беа на штрек додека не беше фатен, за да се обезбеди безбедност на граѓаните“, соопштено е.

Опасниот предатор е вратен во природното живеалиште, далеку од градското подрачје.

Се верил со порно актерка, ѝ дал прстен од милион долари, па сега се премисли (ФОТО)

Рајан Гарсија неодамна го победи американскиот боксер Девин Хени и му го нанесе првиот пораз во кариерата, но на крајот не го доби појасот затоа што на мерењето ја надмина границата со килограми.

Во меѓувреме, Гарсија стана центар на допинг скандал, тој беше позитивен на остарин, кој помага за зголемување на мускулната маса и најверојатно ќе биде суспендиран.

Но, она што најмногу ги наполни страниците на светските медиуми е тоа што тој ја запроси познатата порно актерка Савана Бонд. Сепак, многу брзо се „скрши“ и е виден во друштво на неколку топ модели.

– Тоа не беше мојот најдобар потег – рекол Гарсија, кој потрошил милион долари на прстенот, пренесуваат медиумите.

Гарсија гостувал во подкаст и на прашањето дали веќе раскинал со Савана, тој рече - ДА!

Се осврна и на приказните за допингот.

- На крајот на краиштата, јас не пијам стероиди, никогаш во животот не сум земал стероиди. Едвај земам суплементи. Чист сум во текот на целиот е*ен камп, а потоа наводно бев потежок ден пред и потоа.

притисни ентер