Доделени наградите за најуспешни спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година

На свечена церемонија денес беа доделени наградите за најуспешните спортистки, спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година.

Во категоријата најуспешни спортисти во младинска категорија, победи кикбоксерот Силвио Мировски пред каратистите Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски.

Во сениорска категорија, првата награда му припадна на Бобан Илиоски (кик бокс), втор е атлетичарот Дарио Ивановски, додека трет е шахистот Тони Лазов.

Во категоријата најуспешен тренер признанието го доби Дејан Митровски од Кикбокс клубот Шампион, додека во категоријата Лица со попреченост, наградата ја освои Стоилко Стоицев – Планинарски спорт за искачување на врвови над 6.000 метри.

За категориите најуспешен спортист-странец и најдобра екипа, поради недостаток на високи резултати од странски спортисти кои настапуваат за скопски клубови, како и недостаток на врвни резултати на спортски клубови во овие категории, не беа доделени награди.

На добитниците им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 150.000 денари, како признание за нивните достигнувања и успешни резултати во текот на годината.

„Насмеаниот убиец“ е изведен на суд во Менхетн , каде што ги изненади сите

Луиџи Манџионе, осомничениот за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „UnitedHealthcare“, на улица среде Менхетен, е изведен пред судот во Њујорк каде што се изјасни за невин по обвиненијата за државен тероризам и убиство.

Денешното рочиште беше првата можност за Манџионе, позната и како „Насмеаниот убиец“, формално да одговори на обвиненијата покренати од Окружното обвинителство на Менхетен.

Луиџи Манџионе (26) се соочува со 11 точки од обвинението во Њујорк, вклучувајќи едно убиство од прв степен и две точки за убиство од втор степен, заедно со други обвиненија за поседување пиштол и фалсификување.

Минатата недела, Манџионе формално се откажа од своето противење за екстрадиција и беше пренесен од Пенсилванија во Њујорк, каде што пристигна опкружен со десетици тешко вооружени службеници за спроведување на законот и градоначалникот.

Федералното обвинение беше обелоденето во четвртокот со кое се товари Манџионе за убиство со огнено оружје, две точки за следење и едно кривично дело поседување огнено оружје.

Доколку биде осуден за федералното обвинение за убиство, Манџионе може да се соочи со смртна казна, додека државните обвиненија предвидуваат максимална казна доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Обвинителите сè уште не посочија дали ќе бараат смртна казна, а одлуката на крајот треба да биде одобрена од американскиот јавен обвинител.

Манџионе, исто така, се соочува со обвиненија во Пенсилванија поврзани со 3D-печатено огнено оружје и лажна идентификација што наводно му била пронајдена при неговото апсење.

Американски пилот обучувал кинески пилоти да слетаат на носачи на авиони- ќе му се суди во САД

Австралискиот јавен обвинител Марк Драјфус денеска го одобри барањето на САД за екстрадиција на поранешниот американски маринец Даниел Дуган, кој се соочува со бројни обвиненија.

Австралискиот јавен обвинител Марк Драјфус денеска го одобри барањето на САД за екстрадиција на поранешниот американски маринец Даниел Дуган, кој се соочува со бројни обвиненија, вклучително и кршење на американските закони за контрола на оружјето и обука на кинески воени пилоти да слетаат на носачи на авиони.

Дуган (55), натурализиран австралиски државјанин, бил уапсен од австралиската федерална полиција во октомври 2022 година во рурална област во државата Нов Јужен Велс, набргу по враќањето од Кина, каде што живеел од 2014 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Обвинителот Драјфус рече дека одлучил Дуган да биде екстрадиран во САД за да се соочи со гонење. Дуган ги негира обвинувањата и наведува дека обучувал цивилни кинески пилоти.

Премиерот на Гренланд му одговори на Трамп за неговата желба да си го купи островот

„Гренланд не е на продажба.“, изјави денеска премиерот на таа данска автономна територија Муте Егеде, реагирајќи на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на тој арктички остров.

„Гренланд е наш. Не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде, пренесе Ројтерс.

Во неделата Трамп објави дека го избрал Кен Хавери, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска.

Трамп на својата платформа Truth Social напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата на Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.

Американскиот конгресмен од Џорџија Мајк Колинс, сојузник на Трамп, во ноември сугерираше дека САД би можеле повторно да се обидат да го купат Гренланд, кој ѝ припаѓа на Данска.

Во 2019 година, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го „голем договор за недвижнини“.

Волстрит журнал потоа објави дека Трамп всушност ги сака богатите природни ресурси на данскиот остров, но данската премиерка Мете Фредериксен ја нарече идејата „апсурдна“, посочувајќи дека Гренланд „не е на продажба“.

Гренланд содржи огромни наслаги на ретки елементи кои се користат во производството на електрични возила и турбини на ветер.

Островот е автономен од 1979 година, а Данска ја задржува контролата над надворешните работи, одбраната и монетарната политика.

Од 2010 година, автономијата на Гренланд се прошири на подземните ресурси, вклучувајќи ги и активностите за истражување и експлоатација на минерали.

САД се обидоа да го купат Гренланд од Данска неколку пати, вклучително и во 1867 година, кога државниот секретар Вилијам Х. Севард преговараше за купување на Алјаска од Русија.

Друг обид да се купи се случи во 1910 година, а во 1946 година американската влада ѝ понуди на Данска понуда од 100 милиони долари, која таа ја одби.

притисни ентер