Доделени наградите на „Лица без маски“

Претставата „Убиј ги децата“ во режија на Фабио Омодеи, во изведба на Академијата за театар „Софија Амендолеа“ од Рим ја освои Гран-при наградата за најдобра претстава во целина на шестиот Интернационален фестивал „Лица без маски“.

Според МИА, одлуката ја донесе жири во состав: Васил Зафирчев, актер и уметнички директор на Велешкиот театар, Сотир Трајков, новинар и театарски критичар од ТВ „Телма“ и актерот и пантомимичар Дарко Вељиќ, по гледањето на сите шест претстави од официјалната конкуренција на годинашниот фестивал.

- Овој сценски спектакл го покажа светот на гротескен начин низ театар на циркус. Во него доминираше колективната актерска креација, визуелизацијата, одлична режија, во која со минималистички изразни средства беа критикувани светските центри на моќта, визави стравот за сопствената егзистенција на секој поединец вклучително и најмладите. Овој пацифистички театарски концепт во време на општа светска дезинтеграција, ги освои срцата не само на жири-комисијата туку и на публиката, е наведено во образложението.

Наградата за најдобра режија жирито и ја додели на Саша Ефтимова за нејзиниот авторски проект „Филм“. - Во своевиден бродвејски клуч таа прикажа театар на сенки со балетски изведувачи, што претставува освежување на нашата театарска сцена. Преку оваа претстава Ефтимова промовира нови методолошки пробиви кои се движат на линијата меѓу современиот танц и театарот и во која таа го третира танцот не како изразно средство, туку како состојба на духот и преку него се обидува да го промислува светот како место за убавото во и околу нас, оцени жирито.

Наградата за најдобра актерска игра му припадна на актерот Тодор Нисторов од бугарскиот театар „Ателје 313“ од Софија за креацијата во претставата „Деволуција“. Според жирито, Нисторов прикажал суверена актерска креација која се движела помеѓу физичкото и емотивното со исклучителен усет за партнерска игра, беспрекорна пластичност при трансофрмацијата на словеито креиран лик..

Наградените добија оригинални плакети направени од филигран со сребро, кои го претставуваат логото на фестивалот, по дизајн на Марија Милошевска.

На годинашниот фестивал „Лица без маски“, кој се одржа под мотото „Ослободи се!“, во изминатите пет дена гостуваа претстави од Бугарија, Србија, Полска, Италија и од Романија. Се одржаа и работилници на режисерите и актерите од гостувачките театри за кои, како што информираат организаторите, имало голем интерес од учесниците на фестивалот, но и од македонски актери и режисери.

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Општинската изборна комисија Тетово информира дека во едно избирачко место од вкупно 117 не е почнато навремено гласањето во 7 часот поради нефункционалност на апаратот за идентификација.

Според информациите на Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово, до 8 часот и 15 минути со гласањето не било почнало, а за тоа како ќе се продолжи, рече дека е пријавено и чека решение од Државната изборна комисија.

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател ќе може да изберат вкупно 86.405 луѓе. Од тие бројки вчера имаа прилика да гласаат имаат 54 затвореници, како и 181 лице, како болни и немоќни лица со право на глас.

Навреме отворени гласачките места во Липково и Старо Нагоричане

Навреме се отворени гласачките места во Липково и во Старо Нагоричане. Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

- Навреме отворени се сите места, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.

Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

- Навреме се отворени сите места, имаше незначителни технички проблеми кои веднаш се надминаа, изјави претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски.

Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство во 2025.

Дуелот е закажан со почеток во 20 часот по македонско време во салата Холин а Халси во која избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера го одржаа официјалниот тренинг.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.

Блинкен. Да се санкционираат сите кои ја олеснуваат илегалната миграција

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, повика вчера на регионалната конференција за миграција да се санкционираат оние кои ја олеснуваат „илегалната миграција“, осврнувајќи се на централната тема од претседателската кампања во САД.

„Новата политика за одбивање на барањата за визи е насочена кон луѓето кои свесно им овозможуваат превоз на оние кои се обидуваат илегално да влезат во Соединетите држави“, рече Блинкен во говорот пред министрите за надворешни работи и високи претставници на дваесетина земји кои ја потпишаа Декларацијата за миграција и заштита.

„Таа декларација нагласува дека нерегуларната миграција ги погодува сите наши земји и дека секој од нас има обврска да помогне. Ги поддржувам напорите на локалните власти кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да останат во својата земја, додаде Блинкен, потсетувајќи на „вистински историски предизвик“ за американскиот континент.

Американскиот државен секретар напомена дека во Никарагва пристигнуваат чартер летови со американски баратели на азил од Азија и Африка. Покрај тоа, тој нагласи дека Вашингтон во понеделникот најави „одбивање визи на лидерите на колумбиските компании кои ја олеснуваат илегалната имиграција“.

Нагласувајќи дека се преземаат значајни мерки за проширување на патеките за легална миграција како алтернатива на нерегуларната миграција, тој рече дека ги поддржува „напорите на локалните власти кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да останат во својата земја со решавање на длабоките причини поради кои луѓето одлучуваат да мигрираат“.

Секоја година, околу 2,8 милиони илегални мигранти влегуваат во САД.

притисни ентер