Доделени наградите на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Со доделување на наградите на најуспешните учесници, синоќа на Рудина кај Долнени заврши 40. фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасасовски“.


Гран при наградата според жирито во состав: Захаринка Милосављевиќ, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиев, проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Илчо Јованов ја доби Слободан Момчилов од Националната установа „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево за огромен придонес во изучувањето и зачувувањето на изворниот фолклор од својот крај.

Наградите за најдобар комплетен настап на Фестивалот ги добија КУД „Бисер“ од Кичево и Фолклорниот анасамбл „Гоце Делчев“. Групата тапанџии на Ансамблот исполнија фолклорни ритми кои ја воодушевија публиката.

Награди за најдобар настап со гајда, поединечно, добија: Дарко Коцев од село Ињево, Радовишко, Михајло Петрески од Прилеп и 7- годишниот Давид Митев од центарот за култура „Бели Мугри“ од Кочани.

На фестивалот беа доделени и награди за настап во сите категории. Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ наградата „Гајдата на Пеце“, што ја обезбедува општина Долнени му ја додели на Анастасиос Дискос од Воден, Грција кој учествуваше на семинарот за изучување на народните инструменти и песни.

Дискос нагласи дека гајдата со години е неговата љубов кон народните инструменти.

- Со изворната музика на Пеце Атанасовски се запознав пред 20 ина години, слушајќи ги неговите аудио-касети. Сега имав од можност професорите од Факултетот за музичка уметност од Штип да учам да свирам на гајда иако гајдата е мојата љубов од поодамна. Воодушевен сум што учествував на фестивалот, изјави Дискос.

Во двете фестивалски вечери на Рудина кај Долнени, настапија околу 300 изведувачи на изворен мелос од сите краишта на Македонија. ВО рамки на фестивалот се одржа и семинар за изучување на народните инструменти и песни под раководството на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓиев на кој имаше 18 учесници од Грција, Бугарија и Македонија.

За јубилејот беше промовирана монографијата „Непресушен извор од новинарот Елизабета Митреска.

Вчера напладне се одржа трибина на тема: „Форми и содржини за презентација на изворниот фолклор“. Според директорот на фестивалот Весна Атанасовска Вучиќ, манифестацијата четири децении се труди да ги остварува главните цели.

- Фестивалот го претставува оригиналниот, изворен фолклорен мелос, што е посебноста, особеноста на еден народ. Македонскиот фолклорен мелос е богатство кое треба да се негува, да се чува, да се презентира. Мило ми е што многу млади генерации се заинтеересирани да го изучуваат. Тоа го покажа и семинарот кој за прв пат годинава се одржа, вели Атанасовска Вучиќ.

За проф. д-р Илчо Јованов, претседател на Советот на Фестивалот и декан на факултетот за музичка уметност при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип сериозно се изучуваат народните инструменти.

- Изучувањето на изворниот мелос го привлекува вниманието на новите генерации. Студентите на факултетот сериозно се заинтересирани и веќе настапуваат на Фестивалот и се наградувани, вели Јованов.

Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општините Долнени и Прилеп.

Пронајдени мигранти од Ирак и Турција

Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе ја посети Тирана

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, сега државен секретар за надворешни работи во Владата на премиерот Риши Сунак, во средината на идната недела се очекува да допатува во Тирана.

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за Топ чанел изјавиле дека оваа посета на лордот Камерон се очекува да се случи на 22 мај, доколку нема промена на агендата во зависност од случувањата во Велика Британија.

-Во фокусот на посетата не е некое конкретно прашање, туку продолжување на британската поддршка за Албанија. Во Тирана се очекува лордот Камерон да ја оцени координацијата со Министерството за внатрешни работи во спречувањето на илегалната имиграција и соработката на СПАК со НЦА против организираниот криминал, додава телевизијата.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама деновиве имал телефонски разговор со неговиот колега Риши Сунак, под притисок на јавното мислење и неговото внатре во Конзервативната партија за минување на Ла Манш со гумени чамци на илегални имигранти.

Во 2022 година со моторни чамци на британско тло пристигнале 13 илјади албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година кога заминале само 900, а во периодот јануари-април годинава само 20 албански граѓани. /МИА

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. /МИА

притисни ентер