Доделена наградата „Мето Јовановски“ на отворањето филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ - магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој мината година ја одигра својата последна улога на овој свет и замина во светот на вечната игра и вечните соништа - актерот и сонувачот со отворени очи.

„ Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: ``имање среќа``! Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како:``абе, се случува``! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е ``Преку езерото`` по трет пат, рече пред бројната публика проф. д-р Јани Бојаџи - Директор на Фестивалот.

Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи..

„Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во истото време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме најизвонредните достигнувања на актерството во уметноста на филмот. Да е жив и здрав“ рече Ѓорговска Илиевска.

Наградата на нашиот прв Владо Јовановски ја додели почесниот конзул на Република Србија во Македонија, г-дин Владимир Стајиќ.

„Пријатели на филмот, чест ми е што сум дел од филмскиот фестивалот „Преку езерото“ каде сите заедно ќе ја славиме уметноста, креативноста и страста на филмот. Вечерва моја е честа да ја доделам наградата на еден ислучителен уметник чие име е синоним за врвно актерство и посветеност на филмската уметност. Тој трпеливо ја градеше својата кариера и остави неизбришлива трага во светот на кинематографијата. Еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и кој стана миленик на публиката на целиот Балкан.. Добитник на НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за изворедно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот е актерот Владо Јовановски“ рече Стајиќ.

Нашиот прв лауреат на наградата Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот, мајсторот на актерската игра, бескрајно вљубениот во човечките емоции и чистата актерска природност, Владо Јовановски, пред бројната публика во Амфитеатарот во Дојран рече дека оваа награда е една огромна одговорност во идни ангажмани.

„Оваа награда што ми претставува особена чест, ќе ми претставува уште еден товар во куферите што ние актерите ги носиме на нашите плеќи. Ова треба да се оправда, ова треба да се заслужи, ова треба постојано и секогаш во секој наред проект да се достоинствено да се оправдува а тоа не е лесно. Господ да ми е напош“ рече Јовановски и се заблагодари за наградата.

Третото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, традиционално го отвори домаќинот, градоначалникот на општина Дојран, г-динот Анго Ангов.

Публиката уживаше во проекцијата на „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ, Србија кој е истовремено и последниот филм на Мето Јовановски, во македонскиот „Параноик“ на Андреј Георгиев и францускиот „И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез.

Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа вториот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Високите температури не беа пречка талентираните млади да ги споделат своите идеи и планови со директорот на фестивалот Јани Бојаџи и Александа Русјаков – ментор за пишување сценарија.

Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

Во продолжение програмата за следните фестивалски денови во Дојран:

Ден четврти, САБОТА, 10 Август 2024 година

СПРОТИ БРАНОВИТЕ натпреварувачка програма

20.00 Часот

ДАЛИ СИ МАЖ на Ѓорче Ставрески, Македонија, 2023

СРЕБРЕН БУНТ, Дан Шадур, Израел

ВОЛКОТ И МАЧКАТА на Жан-Себастијан Бернар, ФРАНЦИЈА

22.30

ТИШИНА 6-9, Христос Пасалис, Грција

ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ, на Небојша Слијепчевиќ ХРВАТСКА, 2024,

БАЛАДА на Кристофер Нилсон, ФРАНЦИЈА, 2023, 13мин.

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран

Ден петти, НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година

20.00 Часот

ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024

ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска

Свечено затворање на фестивалот

Доделување на фестивалските награди

Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови

22.30

ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024,

ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА

ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција

Филмски фестивал „Преку езерото“

Маж прави хаос во авион, патниците „го средија“ (ВИДЕО)

На интернет кружи шокантна снимка од авионот на Јунајтед ерлајнс, кој на 16 ноември полетал од Остин до Лос Анџелес.

Во преден план се гледа човек кој се качил на седиштето и се обидува со нога да го скрши потпирачот за грб, додека останатите патници шокирани го гледаат.

Во леталото бил и Џино Галофаро кого, како што вели, го разбудила бучава, по што морал да асистира во една необична „акција“ меѓу облаците, пренесува Daily Star.

„Ги отворив очите кога човекот го клоца седиштето. Стјуардесата неколку пати помина покрај него, никој ништо не направи. Некако го задржав, а ми помогнаа уште двајца патници. Ги зедовме безбедносните појаси и го врзавме“, изјави Галофаро.

Авионот во моментот на инцидентот се наоѓал на 40 минути од Лос Анџелес, а по слетувањето во кабината влегле припадници на полицијата. Галофаро рече дека се надева дека ќе стапи во контакт со семејството на неименуваниот маж и ќе понуди помош.

United Airlines потврди дека во авионот имало 76 патници и пет членови на екипажот.

„На 16 ноември, локалните органи за спроведување на законот дојдоа на летот 502 по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, откако еден патник го наруши мирот. Им благодариме на екипажот што помогна да се реши ситуацијата и се грижеше за безбедноста. Актерот на инцидентот доби забрана за идни летови со нашата компанија“, е соопштено.

Порака во шише патувала 16 години од Бразил до Австралија- наоѓачот добил 20 долари

Жител на австралискиот град Питербороу уживал во прошетка на плажа кога наишол на стаклено шише покриено со песок и школки.

Веднаш сфатил дека внатре има писмо и возбудено го извлекол.

Тони не можел да им верува на своите очи додека ја читал првата реченица: „Вашата љубопитност се исплатеше“, а потоа датумот кога шишето било фрлено во морето - 3 ноември 2008 година.

„Ви благодариме што го извадивте ова шише и одвоивте време да видите што има внатре. Имам фрлено неколку слични шишиња во океанот, на различни локации, со надеж дека луѓето како вас ќе ги најдат. Би сакал да ја вратите пораката во САД“, напишал авторот.

Тој додаде дека ќе испрати 20 долари на секое лице кое ќе ја врати пораката, доколку го наведе своето име и адреса, пренесува News.au.com.

Станува збор за Џо Џонсон од Мериленд кого го пронашле тамошните медиуми. Американецот открил дека шишето, пронајдено во Австралија, го фрлил на одмор во Бразил, некаде помеѓу Рио и Ел Салвадор.

„Мојата сопруга и јас одевме на многу крстарења. Забавно е кога ќе сфатите дека шишето пловело од Бразил до Австралија“, рече Џонсон.

Тој тврди дека добил само еден повик од личност која ја пронашла неговата порака во шише, а признава дека фрлил преку 100 во текот на животот.

Намамил 9- годишно момче од Холандија и го силувал до смрт- мајаката не ја дочека правдата

Деветгодишно момче од Холандија само сакало да игра фудбал на 1 јуни 2022 година.

Но, наместо тоа, тој бил киднапиран, малтретиран и на крајот убиен. Осомничениот Дони М. (22) сега е осуден во случај кој ги шокираше сите, а не само Холандија, пренесуваат локалните медиуми.

Во летото 2022 година, Џино, кој живеел во Мастрихт, ја посетил својата постара сестра во градот Керкраде на неколку дена. Таму на игралиштето се сретнал со младиот човек Дони. Дони го прашал Џино за неговите фудбалски вештини, а потоа го киднапирал. Тоа што се случило со момчето е шокантно.

Според обвинителството, Дони го силувал момчето, го снимил грозоморниот чин и на крајот го задушил со перница. Тој дури и слушал музика додека го мачел момчето и го лишувал од живот, пренесуваат холандските медиуми.

Во меѓувреме, семејството на Џино очајно го барало. Се плашеле за неговиот живот, а потрагата по момчето е проширена и во соседна Германија.

По неколку дена телото на момчето било пронајдено во градина, а полицијата за убиството го уапсила Дони, кој го признал делото.

„Она што го направив беше ужасно, не требаше да се случи“, изјавил Дони на судењето.

Сепак, младиот човек остана прилично ладен и открил шокантни детали. Се вели дека Џино не бил првата жртва на Дони. Тој веќе бил осуден за закана и малтретирање на две момчиња и силување на едно од нив. Во тоа време, сепак, тој се уште бил малолетник.

Судијата го осуди на 25 години затвор, вклучително и ментална терапија. Ова е посебен облик на терапија и вклучува испраќање на осуденикот во психијатриска клиника каде што ќе се лекува од неговото педофилско растројство, без разлика дали тој сака или не.

Психијатрите ќе одлучат и дали и кога може да биде ослободен.

Пресудата е напишана на 72 страници. Во судницата имало тивок аплауз кога е објавена пресудата. Сестрата на момчето плачела за време на изрекувањето на пресудата.

Еден од судиите нагласи дека Дони постојано лажел и измислувал за време на распитот. Дополнително, на неговиот компјутер биле откриени над 12.900 слики од детска порнографија.

За семејството на Џино признанието и денешната пресуда, вклучително и барањето за обештетување, веројатно се само мала утеха. Тие дојдоа во судницата облечени во маички „Правда за Џино“ кога беше изречена пресудата.

"Ти ми зеде сè, сè за што живеев. Остатокот од животот треба да го поминеш зад решетки за тоа што му го направи на Џино и на другите деца", рече една од сестрите на Џино за време на судењето.

Мајката на Џино му се обрати на убиецот на почетокот на судењето.

„Ти си монструм“, му врескала на обвинетиот на почетокот на судењето. Не можела да издржи, скокнала и почнала да вреска. Судијата ја изведе надвор од судницата.

Таа не ја дочека пресудата. Пет месеци откако беше пронајден Џино, таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом. Полицијата не соопштува конкретни детали за смртта. Сепак, не се веруваше дека станува збор за кривично дело. Една од сестрите на Џино истакнала дека таа починала „од голема тага“. Мајчиното срце не можело повеќе да издржи.

притисни ентер