До почетокот на летото Калето во Скопје би требало да биде отворено за посетители, најави Љутко

Скопското Кале до почетокот на летото би требало да биде официјално отворено за посетители, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

- Вчера го имав првиот состанок со Советот за културно наследство, со кој го видовме и извештајот кој што беше направен од работната група формирана од Управата за заштита на културното наследство и во наредниот период ќе преземеме конкретни чекори бидејќи имаме буџет во 2025 година за таа намена. Се надеваме дека до почеток на летото веќе ќе можеме да го отвориме Калето официјално за посетители. Освен Калето и содржините што ги имаме внатре, во Калето, а тоа се музеите, рече министерот Љутков на новинарско прашање по промоцијата на софтвер за водење на заштитните евиденции и Националниот регистар на културното наследство.

Во однос на истражувањето на археолошкиот локалитет во струшко, тој кажа дека ископувањето е завршено и затворено. Конзервација на пронајдените предмети прави Заводот и Музеј од Охрид и тие предмети ќе бидат изложени таму.

- Тој проект е капитална инвестиција за Македонија и се надевам дека ќе продолжи проектот од 25-та година натаму, вели Љутков.

На локалитет во селото Корошишта во струшко, откриени се стотина артефакти од непроценливо значење. Станува збор за монументална гробница, односно два гроба на маж и жена за кои се претпоставува дека потекнуваат од елитата, со оглед на богатите подароци пронајдени во гробот.

Русија се откажа од мораториумот за распоредување ракети со краток и среден дострел

Русија ќе се откаже од предложениот мораториум за распоредување ракети со краток и среден дострел, откако САД почнаа да распоредуваат такво оружје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Ја оценуваме ситуацијата врз основа на анализа на дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО во стратешката сфера и соодветно на развојот на заканите што произлегуваат од тоа“, рече Лавров.

„Денес е јасно дека, на пример, нашиот мораториум за распоредување на ракети со краток и среден дострел повеќе не е практично одржлив и ќе мора да се напушти. САД арогантно ги игнорираа предупредувањата од Русија и Кина и распоредија оружје од оваа класа во различни региони во светот“.

Вашингтон се повлече од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел во 2019 година.

Русија тогаш објави дека нема да распореди такво оружје освен ако тоа не го стори и Вашингтон.

Гвардиола направи список со посакувани засилувања

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола направи список со посакувани нови засилувања. Стручњакот идентификувал пет фудбалери со кои ќе ја промени лошата ситуација кај „граѓаните“. 

Тимот е во кошмарна форма, со само 1 победа во последните 13 натпревари. Во моментов, англискиот шампион е на седмото место во Премиер лигата, далеку од врвот.

„Тајмс“ тврди дека Манчестер Сити веќе во јануари ќе се обиде да ангажира најмалку тројца од играчите кои ги бара Пеп. Инаку, целиот список е подготвен за следните два преодни рока. Ги вклучува следните имиња: Марк Гуехи (Кристал Палас), Џамал ​​Мусиала (Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Мартин Субименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл).

За да го направи тоа, Сити ќе мора да направи некои тешки одлуки во претстојниот преоден рок, а целта на Пеп е да го освежи својот тим и да се справи со некои долготрајни повреди, како онаа на освојувачот на „Златната топка“ - Родри.

СДСМ анализа: Со неспособност и слугување на бизнисот Мицкоски ги осиромаши граѓаните

Во изминатите шест месеци, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, демонстрираше голема економска неспособноста и ја манифестираше својата поданичка политика кон трговците и бизнисот.

Наместо да преземе мерки за заштита на граѓаните од растечките цени, Владата покажа целосна инертност, а последиците од оваа ароганција сè повеќе го осиромашуваат македонското општество.

Од моментот кога Мицкоски ја презеде власта, цените на основните прехранбени производи почнаа постојано да растат. Ова го забележуваа граѓаните и алармираа на социјалните мрежи, истото го правеше од прв ден и СДСМ. Мицкоски, кој првично немаше намера и беше остро против мерки за намалување на цените, реши да воведе пропагндани попусти наречени „кошнички“.

Мицкоски добро знаеше дека мерките на СДСМ од времето на кризата функционираат, но за да се воведат потребна е искрена намера да се спротистави на трговците кои нема да бидат среќни со мерките. Мицкоски очигледно немаше ниту храброст, а веројанто има и многу голем долг кон бизнисот, па наместо реални мерки кои ќе го стабилизираат пазарот и ќе обезбедат заштита за граѓаните, тој буквално ги остави да прават што сакаат. Тоа се препозна кога Министерот за економија рече дека нема да има казни за трговците, туку направиле „џентлменски договор“ и очекуваат да се почитува.

Оттука се влече само еден заклучок, или Владата е целосно наивна или ги лаже дебело граѓаните, затоа што никој не верува дека таквиот договор ќе се почитува. Во време на трите последователни кризи, СДСМ и министрите од Владата „водеа војни“ со бизнисот за да дојдат до реално намалување на цените. Но, Мицкоски очигледно не е лидер, а поверојатно длабоко должен на бизнисот и елитата и таквите политики нема храброст да ги спроведува.

Откако Мицкоски увиде дека оваа политки му се удира од глава, најави нова „робусна“ акција за наводни казни. Последната изјава на Мицкоски, дека е „срамота“ тоа што го прават трговците, е апсолутно лицемерна. Наместо да преземе конкретни мерки, како укинување на ДДВ за основните производи или воведување казни за непочитување на договорените цени, Мицкоски одлучи да „апелира“ до трговците. Овој пристап јасно укажува на поданичка позиција кон бизнис интересите.

Додека се случува ова фемкање на Мицкоски и страв од трговците, секојдневните трошоци растат, а сметките се зголемуваат. Паралелно, ниту платите пораснаа, ниту Владата има реален концепт за раст на плати кој ќе значи загарантиран системски раст како што тоа го воведе СДСМ. Да бидеме реални, објективно тоа се политики кои ги преферира оваа Влада. Како резултат на економската политика на Владата, оваа Нова година многу семејства ќе ја дочекаат со поскромни трпези и намалена сигурност.

Политики за елитата, а не за граѓаните

Политиките на Мицкоски се јасно насочени кон заштита на интересите на трговците и економската елита. Додека 99% од граѓаните сè повеќе се борат со зголемените трошоци за живот, 1% – оние блиски до власта – профитираат на нивна сметка. Лицемерно, Мицкоски водеше кампања дека е „човек од народот“, но реалноста воопшто не е таква. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги штителе богатите и самиот Мицкоски е дел од таа елита, додека а на граѓаните „им фрлале коски“ за да го заштита социјалниот мир. Оваа Влада на Мицкоски е капиталистичка Влада во својата најлоша форма.

Одбивање на ефективни мерки и пропаѓање на системот

Иако СДСМ предложи низа мерки за подобрување на животниот стандард – како зголемување на минималната и просечната плата, укинување на ДДВ за основните производи и воспоставување контрола врз цените – сите тие беа одбиени од страна на ВМРО-ДПМНЕ со невидена тврдоглавост. Оваа политика на игнорирање на предлозите, дури и кога тие се во интерес на граѓаните, е доказ за неспособноста и ароганцијата на владејачката структура.

Арогантниот однос на власта и нејзината неспособност да воведе функционални мерки за намалување на цените ги доведоа граѓаните во состојба на економска несигурност. Владата не само што не ги препознава реалните потреби на граѓаните, туку со својата поданичка политика им дозволува на трговците и бизнисот да профитираат на маката на луѓето.

На прашањето дали се работи за неспособност или за отплаќање на долгови кон бизнисот, граѓаните веќе го имаат одговорот. Едно е сигурно – ваквата политика мора да престане ако сакаме да го вратиме економскиот баланс и да обезбедиме подобар стандард за сите граѓани.

СДСМ

притисни ентер