Ако тоа се случи во понеделник или вторник следната недела веднаш по изгласувањето на реконструкцијата продолжуваме со промената на директорските места и да ги завршиме кадровските промени, најави денеска премиерот Зоран Заев.
-Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека за СДСМ е прифатливо да се направат измени на Изборниот законик и земјава да биде една изборна единица или, пак, да има повеќе изборни единици со отворени листи.
-Денеска имав состноци со НДИ, Швајцарска амасада и со други кои даваат одредени сугестии за модели за Изборниот законик. Сметам дека во овој период треба да го отвориме Изборниот законик, бидејќи сме доволно далеку од редовните избори и можеме да направиме добар изборен законик со следење на препораките на ОБСЕ ОДИХР кои се конкретни и прецизни, но и да воспоставиме нов модел. Наш став како СДСМ е зголемување на демократските аспекти на изборното право на граѓаните, потенцира Заев.
Верувам, додаде, дека и другите политички субјекти ќе направат исчекор за да имаме помодерни демократски права на бирачите и апелирам политичките партии, експертите и институциите да работат заедно за да донесеме нов изборен законик колку што е можно побрзо.