Дневен хороскоп за 9. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 9. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат.

Здравје и совет

Немир и несоница.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови.

Кариера

Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно.

Здравје и совет

Сетете се на своите приоритети.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат.

Кариера

На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи.

Здравје и совет

Клопчето треба да се одмота до крај.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето.

Кариера

Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи.

Здравје и совет

Свртете се кон иднината.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега.

Кариера

Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент.

Здравје и совет

Презентирајте ги своите идеи. Добри се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите.

Кариера

Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција

Здравје и совет

Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат.

Кариера

Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други.

Здравје и совет

Покажете ги своите таленти.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов.

Кариера

Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат.

Кариера

Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино.

Здравје и совет

Вашите пријатели можеби ве шпионираат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред.

Кариера

Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни.

Здравје и совет

Нервоза и замор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува.

Кариера

Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм.

Здравје и совет

Ништо не може да ве изненади.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер