Дневен хороскоп за 5. декември 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 5. декември 2024 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов.

Кариера

Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат.

Кариера

Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино.

Здравје и совет

Вашите пријатели можеби ве шпионираат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред.

Кариера

Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни.

Здравје и совет

Нервоза и замор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува.

Кариера

Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм.

Здравје и совет

Ништо не може да ве изненади.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат.

Здравје и совет

Немир и несоница.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови.

Кариера

Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно.

Здравје и совет

Сетете се на своите приоритети.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат.

Кариера

На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи.

Здравје и совет

Клопчето треба да се одмота до крај.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето.

Кариера

Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи.

Здравје и совет

Свртете се кон иднината.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега.

Кариера

Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент.

Здравје и совет

Презентирајте ги своите идеи. Добри се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите.

Кариера

Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција

Здравје и совет

Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате одлично.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат.

Кариера

Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други.

Здравје и совет

Покажете ги своите таленти.

Обвинителството бара мерки за претпазливост за директорот на фирма, поврзана „Државна лотарија“

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. 

Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот, соопшти Обвинителството.

Најмалку тројца загинати во автобуска несреќа во Норвешка- автобус се излизга во езеро (ФОТО)

Најмалку три лица загинале, а четворица се тешко повредени кога автобусот, во кој наводно имало повеќе од 50 патници, излетал од патот Е10 во Норвешка, слетал во провалија и паднал во езеро.

Страшната несреќа се случила околу 13 часот и 30 минути по локално време, на северозападниот брег. Се претпоставува дека во автобусот имало повеќе од 50 патници, меѓу кои и голем број странци.

Автобусот се излизгал. На терен се бројни спасувачки и итни екипи кои ги извлекуваат повредените и починатите од возилото.

Причината за несреќата се уште не е позната. Според локалните медиуми, планирано е да се испратат спасувачки хеликоптери на местото на настанот, но лошите временски услови го отежнуваат тоа.

Пренџов: Иако Владата наследи рекордни 12 милијарди долгови, БДП бележи раст од 3%

„Во изминатиот период од 2017-2024 година, според Светска банка, македонската економија растела во просек со 1,1% годишно. “

„Честопати од оваа говорница зборував дека да не постои влада, да не постои државна управа, економијата сама од себе ќе расте повеќе од 1,1% во просек годишно. Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на седницата посветена за пратенички прашања и постави 3 прашања кон претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.

Пренџов, во однос на првото прашање зборуваше во делот на економијата, односно она што значи подобар живот за граѓаните. Објасни дека иако Владата наследила рекордни 12 милијарди долгови и блокирани сметки, сепак БДП повеќе не е 1% и дека забележан е раст од 3% што значи движење во правилна насока.

„Она што ме интересира е она коешто беше објавено, она коешто е добро и позитивно, а тоа е дека конечно БДП не е 1%, како 7 години секоја година по еден процент. За само неколку месеци имаме 3% раст. Имаме најава и се објавени 8 нови инвестиции во рамки на македонската економија, се ветуваат поголеми плати, се реализираат поголеми пензии“ , дециден е Пренџов.

Пренџов објасни дека изминатиот период само се слушале најави, дека “ќе“ се гради нешто, но не виделе ништо реализирано, нешто од кое граѓаните ќе имаат корист, а повеќе од 30 милијарди евра биле потрошени. Оттука, Пренџов праша што во следната година ќе биде готово, што ќе биде реализирано, во поглед на инфраструктура, во енергетика, токму во интерес за граѓаните. Третото прашање се однесуваше токму за расчистување на криминалот и корупцијата и дали ќе продолжи со исто темпо.

„Она коешто покрај економијата, покрај подобриот живот, а граѓаните се интересираат тоа е право правда и расчистување со криминалот и корупцијата. Почитуван премиер, имавме многу јавно обелоденети сознанија и документи во изминатиот период за криминал во РЕК Битола, покрај овој епски криминал со Лотарија, разбивање на терористички ќелии и други девијантни појави коишто се случувале во македонското општество, а никој не ги пресекол. Ме интересира за случајот РЕК Битола, дали јавноста ќе дознае на кој начин се испумпувале парите на граѓаните од страна на РЕК Битола и нивното тогашно раководство“, заклучи Пренџов.

притисни ентер