Дневен хороскоп за 19.2 2019

Дневен хороскоп за вторник , 19.2 2019 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.

Кариера

Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива , што ќе биде значајно за работата.

Здравје

Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.

Кариера

Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.

Здравје

Сепак имате доволно слобода.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.

Кариера

Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје

Одете таму каде што ви е добро.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.

Кариера

Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје

Посигурни сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.

Здравје

Одвоете го приватното од деловното.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.

Кариера

ПОдготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.

Здравје

Одморете и наспијте се .

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.

Здравје

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.

Здравје

Тргнете се од каква било негативност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќеја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.

Кариера

Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.

Здравје

Не постои совршенство.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.

Здравје

Ќе го надминете преодниот стрес.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.

Кариера

Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.

Здравје

Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.

Мерц: Вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи го и Западен Балкан

„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“.

Лидерот на германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц денеска се заложи за прием на нови земји во Европската унија и рече дека вратата на ЕУ е отворена за нови членки, вклучувајќи ги и партнерите од Западен Балкан ако ги исполнат критериумите за пристапување.

„Вратата на Европската унија останува отворена за новите членки како Украина, Грузија, Молдавија или земјите од Западен Балкан, доколку ги исполнат критериумите“, рече Мерц за германскиот весник „Тагешпигел“.

Тој додаде дека реформата на процесот на проширување е неопходна поради, како што рече, земјите кои не сакаат да се приклучат во ЕУ или не се во можност да се приближат кон Унијата. /МИА

КСС со свечена академија го одбележа Меѓународниот ден на трудот

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска со свечена академија го одбележа 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. 

Претседателот на КСС Благоја Ралповски им го честиташе 1 Мај на сите работници во државата и изрази благодарност до ВМРО-ДПМНЕ, која е, како што рече, една од трите која денеска се одзва на овој наш повик на Јавната акдемија за презентирање на програмата.

- Изминатите години, гледате на транспарентите околу нас, што се случуваше во државата. Можам да кажам дека еден хаос, кој се пренесе во работничките односи, денеска сакаме да го расчистиме со оние политички партии кои претендираат да бидат на власт. Денеска беше разговарано за непочитувањето на законите и колективните договори, тоа е една наша првична определба, која уште од 2017 година низ улиците на Македонија, со десетици протести и штрајкови на одредени синдикати го баравме, рече Ралповски.

Додаде дека се почитува делумно, не се почитува целосно и затоа денеска побарале од политичките партии да дојдат тука и да ги презентираат нивните програми, да ги кажат нивните размислувања, работата која ќе ја пренесат во Владата. - Дали во иднина да очекуваме ист ваков хаос или дека работите ќе си дојдат на свое место, рече Ралповски.

Според него, во земјава имаме добри закони и имаме, како што рече, какви такви колективни договори. - Во минатото ни беше одземено правото да преговараме целосно во делот на колективните договори, туку тоа беше наметнато преговарање. Ние треба само да го почитуваме работникот, да ги почитуваме законите и да ги почитуваме колективните договори, порача Ралповски.

Технички министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Марија Митева беа дел од делегацијата на оваа партија. Велковски им го честиташе 1 Мај на сите работници во земјава и порача вработените секој ден да се борат за своите права.

- Борбата за вработените и за работниците продолжува и треба да биде врвен приоритет за сите нас. Денеска заедно со КСС дискутиравме и се согласивме за многу работи, кои за жал изминатите седум години не функционирале во системот на државата. Да, имаме добри закони, кои треба да се применуваат, меѓутоа остануваат отворени многу прашања дали се применуваат или не. Денеска имаме Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, повеќе од пет години во фиоките, да не бидат презентирани и јавно достапни до секој еден чинител во општеството за да дадат свој придонес, за да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија, рече Велковски.

Каратистите на Макпетрол се подготвуваат за претстојното Европско Првенство

 Македонските карате-репрезентативци, членови на клубот Макпетрол се на еднонеделни подготовки во Струга.

Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

- Макпетрол е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, а тие ќе бидат и најбројни на ова европско првенство. Ќе учествуваме со осум спортисти од клубот и затоа и одговорноста за успешни резултатски постигнувања кај нас е огромна. Нема да оставиме ништо на случајноста, бидејќи нашиот пристап и однос кон спортот е професионален. Најстручно, со најмодерна тренерска методологија, ќе се подготвиме и ќе направиме сѐ што е потребно за да ги зголемиме шансите за успешен настап на ова првенство, изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.)

За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајовски и Стефан Стојановиќ.

Сите кои ќе настапат во поединечна конкуренција за Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

притисни ентер