Дневен хороскоп за 17. февруари 2020 година

Дневен хороскоп за понеделник ,17. февруари 2020 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите да се согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Финансии побара да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите

Осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која денеска на седница го разгледа извештајот за зголемените цени...

До утре имаат рок осигурителните компании да ги вратат цените на осигурителните полиси по старо. Ова е епилогот од состанокот во министерството за финансии откако пред една недела осигурителните компании ги зголемија цените на осигурувањето при регистрација на возилата за 15%.

„На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година и да ја известат Комисијата во текот на денешниот ден.“

Состанокот во финансии кој доаѓа по реакциите на агенцијата за супервизија на осигурувањето која децидно се изјасни дека нема основа за ваквото зголемување на цените. Состанокот траеше неколку часа. Пред средбата осигурителните компании преку соопштение информираа дека треба да се земе во предвид реалната пазарна состојба и условите под кои работат осигурителните компании но по состанокот претставниците излегоа од влезот за архива и ги избегнаа камерите.

Од агенцијата за супервизија на осигурувањето е побарано да изготви извештај за тоа дали има економска оправданост барањето за поскапување од каде неофицијално за канал 5 велат дека за такво нешто воопшто нема простор и дека доколку не ги намалат сами цените тоа ќе се направи утре на владина седница со цел да се заштитат граѓаните од ова поскапување. Инаку со одлуката осигурителните компании ги зголемија цените од 840 дена за полиса до 1500 во зависност од јачината на моторното возило.

притисни ентер