Дневен хороскоп за 14. јули 2023 година

Дневен хороскоп за петок, 14. јули 2023 година. 

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Сега сѐ е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат.

Кариера

Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики.

Кариера

Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати.

Здравје и совет

Не може ништо да се прескокне.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните методи.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас.

Кариера

За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи.

Кариера

Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето.

Здравје и совет

Поченете да спортувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди.

Кариера

Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка.

Здравје и совет

Верувајте им на другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост.

Кариера

Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи .

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Мали главоболки.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи.

Кариера

Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте.

Здравје и совет

Преспијте пред одлуката.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите.

Кариера

Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Не се замарајте со ситни работи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни.

Кариера

Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки.

Здравје и совет

Нервози и грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка .

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките.

Здравје и совет

Осмислете ги прашањата пред да ги поставите.

Солзи, цвеќе и прекината ТВ програма- годишнина од масакрот во училиште во Белгград

Родителите на децата кои загинаа пред точно една година во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград утрово пристигнаа пред училиштето.

Таму положија цвеќе и запалија свеќи во спомен на убиените деца и училишниот чувар.

Во масовното убиство кое тринаесетгодишникот го започна на 03.05.2023 година во 08.41 часот, убиени се: Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ и Драган Влаховиќ.

Во 08:41 часот пред училиштето се огласија сирените. Истовремено, со прекин на програмата, медиумите во Србија одбележаа едноминутно молчење во спомен на загинатите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ положи цвеќе во училиштето „Владислав Рибникар“ на годишнината од убиството на деветте ученици и чуварот на училиштето.

„Пред точно една година осамна последното училишно утро за нашите девет ангели и човекот кој се грижеше за нив. Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и огромната тага не поминаа“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека зад бесмислениот чин кој за миг згасна животи, иднини и соништа, се крие празнина, но и страшно предупредување до целото општество да ги заштити своите деца со сите сили од секакво зло, опасност и придружба.

„Ние сме врзани со нивните соништа и со сето она што можеа да станат. Ајде да направиме сѐ за да се издигнеме како земја по овој ужас што нè снајде. Изразувам искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите. Нека почиваат во мир. “ напиша Вучиќ.

Седмоодделенец на ОУ Владислав Рибникар во Белград К.К. со пиштол пукал кон обезбедувањето на училиштето, наставничка и учениците. Осум ученици и работник од обезбедувањето загинаа на лице место, додека тешко ранетата девојка Анџелина Аќимовиќ подоцна им подлегна на повредите. Малолетникот сам повикал полиција и се предал. Приведени се и неговите родители.

Веста за пукањето во Врачар, во училиште во центарот на Белград брзо се прошири и ги вознемири граѓаните на Србија. Родителите, пријателите на децата кои одат во ова училиште почнаа да се собираат пред влезот за да дознаат нешто за нивните деца. За жал, на 3 мај некои од родителите ја добија трагичната вест дека нивното дете е убиено.

Во наредните денови влезот на училиштето стана збирно место каде граѓаните им оддадоа почит на жртвите, палеа свеќи, носеа цвеќиња, играчки и оставаа пораки за убиените. Медиумите во регионот и светот ги прекинаа своите програми и известуваа за овој настан.

Српското општество беше во состојба на шок, а потоа следната ноќ, меѓу 4 и 5 мај, се случи ново масовно убиство во Дубона и Мали Орашје, каде исто така беа загубени млади животи.

Учебната година заврши порано, а почетокот на новата беше во спомен на убиените деца.

По повод првата годишнина од масовното убиство, Основното училиште Владислав Рибникар на својата веб-страница објави In Memoriam посветен на повредените ученици и работникот од обезбедувањето.

„Кога првпат дојдоа во Рибникар, како првачиња, беа љубопитни и горди да почнат со училиште. Потоа им ветивме дека ќе ги учиме и ќе ги образуваме. Ветивме дека ќе ги испратиме од Рибникар како тинејџери, безбедни, слободни и подготвени за она што ги чека до крајот на нивниот живот. Ветивме дека ќе ги чуваме. И ние ги научивме. И ги задржавме. Не ги спасивме. Ве молиме простете ни што не можевме да го исполниме ветувањето...“, се наведува меѓу другото на веб-страницата на училиштето.

По повод годишнината од масовното убиство беше организирана програмата Будење која треба да го означи почетокот на повеќеслоен процес на меморирање во спомен на жртвите. Недела на сеќавање ќе биде организирана во сите училишта во Србија од 7 до 10 мај.

Силна соларна бура ја погоди Земјата, за утре се најавува уште една експлозија

Сончева бура ја погоди Земјата порано од очекуваното и сега се засилува. Ова го објави Центарот за следење на вселенското време при рускиот институт за применета геофизика.

Според податоците, геомагнетната бура се очекувало да биде од категоријата Г2, која е со умерен интензитет, но утрово таа се засилила до категорија Г3, што е силен интензитет.

На 30 април и 1 мај биле регистрирани моќни соларни изливи.

Сончевите блесоци се поделени во пет класи според јачината на рендгенското зрачење - најслаби се класата А, а потоа следат B, C, M и X.

Сончевите блесоци се моќни експлозии во сончевата атмосфера кои испраќаат соларна плазма во вселената. Облаците од оваа плазма можат да предизвикаат геомагнетни бури кога ќе стигнат до Земјата.

- Две коронални експлозии го погодија магнетното поле на Земјата на 2 мај. Поединечно, ударот беше мал, но предизвика силна геомагнетна бура од класата Г3 со поларници далеку на југ. Се очекува уште една коронална експлозија да го погоди магнетното поле на Земјата на 4 мај, објави порталот Space Weather.

Репортери без граници: Македонија со најголема медиумска слобода во регионот

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, се наведува во извештајот на организацијата „Репортери без граници“.

Медиумски пејзаж

Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои вршат плагијат и копираат содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу употребата и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост.

Политички контекст

Целокупното опкружување останува поволно за слободата на печатот, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност.

Правна рамка

Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската унија, на која има намера да и се придружи. Процедурите на SLAPP служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудата за клевета, во 2023 година, на медиумот IRL за нејзината истрага од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното поврзано ширење на влијание.

Економски контекст

Иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиуми се подложени на влијанија од страна на маркетинг агенциите.

Социокултурен контекст

Иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните медиуми и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија.

Безбедност

Новинарите често се мета на вербални напади. Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие можат да бидат изложени на судски притисок и произволни правни постапки. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Во главниот град беше назначен специјален обвинител кој ќе ги води случаите на напади врз новинари, а се разгледува и отворањето на слични канцеларии низ целата земја.

притисни ентер