Џулија Робертс се разведува поради Ричард Гир – драма вредна 225 милиони долари ?!

Холивудската ѕвезда Џулија Робертс се разведува од нејзиниот сопруг, камерманот Дени Модер . Разводот би чинел 225 милиони долари , а причината е Ричард Гир.

Вчерашната вест веќе денеска е демантирана . И покрај неколкуте најави за развод , сепак Робертс останува со сопругот со кого се во брак 15 години .

Медиумите до вчера пишуваа дека се разгорела љубовта на 50 годишната Џулија Робертс со 68 годишниот Ричард Гир уште пред две години на одбележувањето на 25 годишнината од хит – филмот ,,Убава жена “ .

Флертот прераснал во врска , што многу го разлутило нејзиниот две години помлад сопруг , 48 годишниот Дени Модер , со кого Џулија има три деца.

Според пишувањата на медиумите ваквата авантура би ја чинела Џилија цели 225 милиони долари .

Точно е дека брачниот пар има многу проблеми , чести се кавгите и обвинувањата на сопругот дека филмската ѕвезда го изневерува , па се до кавги околу воспитувањето на децата . Но , по 15 години брак малку е можно да дојде до развод .

Американските медиуми повикувајќи се на сигурни извори од семејството , велат дека целата афера на џулија Робертс и Ричард Гир е измислена .

ЕП започна кампања за поттикнување на излезноста на Евроизборите

 Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕивот на гласачите. 

Идејата на кампањата е да се пренесе пораката: „Користете го вашиот глас, не дозволувајте толку лесно да ви биде одземена демократијата. Таа е дадена, вие треба да ја браните“.

Почнувајќи од првите директни избори за европратеници во 1979 година кога одѕивот беше 61,99 отсто, тој беше во опаѓање на секое следно гласање, паѓајќи под 50 проценти на сите избори по 1999 година, за да ја достигне најмалата излезност од 42,61 отсто во 2014 година. На последните избори за членови на Европарламентот во 2019 година, во сенка Брегзитот, одѕивот беше 50,62 проценти.

Во фокусот на кампањата се ставени историјата на демократијата во Европа, руската инвазија врз Украина и антидемократските трендови на континентот, со потсетување на искуствата на Европејците со диктатурте и војните, Холокаустот, Прашката пролет од 1968 година, падот на Берлинскиот ѕид, па се до и достигнувањата на европскиот мир.

- Демократијата е во опасност. Искористете го вашиот глас или другите ќе одлучат наместо вас, повикува Европарламентот.

За спроведување на оваа кампања Европскиот парламент издвои буџет од 37 милиони евра, што претставува 0,08 евра по глава на граѓанин на ЕУ со право на глас на Евроизборите.

Својата последна предвидена пленарна седница во сегашниот состав Европскиот парламент ја одржа минатата недела. /МИА

Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија

Почнаа првите проби за 68. издание на Евровизија. Клипови од првите проби може да се видат ексклузивно на официјалниот евровизиски профил на ТикТок, а фотографии на официјалната веб-страница на музичкиот натпревар.

Сите 37 песни што ќе учествуваат на натпреварот може да се слушнат и видат на евровизискиот канал на Јутјуб.

Годинава, натпреварот ќе се одржи во Малме, Шведска. На 7 и 9 мај ќе се одржат двете полуфиналиња, а големото финале е на 11. истиот месец.

Во моментов, според обложувалници на интернет, најмногу шанси за победа имаат песните на Швајцарија, Хрватска, Холандија, Италија и Украина. /МИА

Отфрлена тужбата против Стивен Тајлер за сексуални напади на тинејџерка

Американскиот Федералeн суд на Њујорк го отфрли обвинението против пејачот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, за сексуална злоупотреба на тинејџерка.

Познатиот рокер беше обвинет за нешто што наводно се случило 1975 година кога двапати сексуално ја нападнал Жана Белино, која тогаш имала 17 години, а Тајлер - 27 години. Судијата Луис Каплан изјави дека тужителката која тврди дека пејачот сексуално ја нападнал, не може да бара отштета според законите на Њујорк.

Судот смета дека е залудно да се поднесе и изменета жалба и со тоа трајно го отфрли случајот.

Образложението вели дека случајот не може да се толкува ниту по двете неодамнешни државни регулативи - Законот за возрасни жртви и Законот за деца жртви. Судијата рече дека првиот ги опфаќа само луѓето кои имале најмалку 18 години кога станале жртви, а вториот не ги опфаќа барањата поднесени по август 2021. Белино ја поднела својата тужба во ноември 2023 година.

Стивен Тајлер ги одрече обвиненијата, т.е. наводите дека ја нападнал тужителката во телефонска говорница додека неговите пријатели се смееле во близина и дека ја малтретирал во хотелска соба истиот ден.

Жана Белино, која во тоа време била млада манекенка, тврди дека го запознала Тајлер по модна ревија на Менхетен. Инаку, Тајлер се брани и од тужба во Лос Анџелес, каде што можната жртва Џулија Мисли тврди дека тој сексуално ја нападнал во 1973. кога таа имала 16, а тој 25 години. /МИА

притисни ентер