Џони Деп видно ослабен !!

Холивудскиот заводник Џони Деп во непрепознатливо издание е фатен од папараците.

Ѕвездата на „Пиратите од Кариби е фатен од папараците додека влегува на забавата организирана одмузичката ѕвезда Лејди Гага. Популарниот актер е видно ослабен, во однос на минатата година. Цело време го придржува човек од обезбедувањето и е многу блед и слаб.

Еден од најпосакуваните мажи на светот денеска изгледа непрепознатливо. Неговите фанови се прашуваат дали Џони Деп има некој здравствен проблем или причина за слабеењето е разводот од Амбер Хард.

Најубаво куче на светот е авганистански 'рт што доаѓа од Чиле

 Годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, се одржа викендов. Победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански 'рт која доаѓа од Чиле.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави" еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии... Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка. /МИА

Ковачки од Берово: 5,5 милиони евра за општината

Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината.

800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари.

800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово.

Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај.

Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

Почитувани граѓани,

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3


Пендаровски: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Силјановска

Тој посочи дека очекува огромен дел од гласовите од петте кандидати кои испаднаа од првиот круг на осми мај да дадат поддршка на бројот еден.

На денешната средба со граѓаните на општина Маврово-Ростуше, кандидатот за претседател Стево Пендаровски се осврна на случувањата меѓу двата круга од претседателските избори и барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гласовите од другите кандидати да се префрлат кон кандидатката Гордана Силјановска-Давкова.

„Од денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ гледаме дека тој отишол да моли кај другите партии со кои наводно веќе има направено договор за влада, тие да му ги префрлат гласовите за противкандидатката. Поголемо понижување на македонските гласачи немаме видено одамна. Ако ги делиш ресорите и власта пред да ја освоиш, ти си политички манипулант. Нека решат граѓаните и вечерта на осми и ако ти ја имаш власта, повели, терај ја понатаму државата. Но во меѓувреме, несигурен во тоа што го нудиш како политички концепт, да бараш од другите помош и поддршка, затоа што знаеш дека твојот кандидат, можеби нема да може да ја истера целата работа сам, е нечесно кон целиот народ и сите македонски граѓани. Јас тоа не го правам, не го правев ни пред 24 април, нема да го правам ниту до осми мај. Ќе го чекаме вечерта на осми мај судот на македонските граѓани, како ќе речат тие, така ќе биде. Но јас ве уверувам дека во гласовите на кандидатите кои отпаднаа има огромно мнозинство кои Македонија ја сакаат ваква - шарена со сите убави бои, со сите граѓани еднакви меѓу себе, со солидарност и со заеднички сили да оди напред“ порача Пендаровски.

Тој посочи дека очекува огромен дел од гласовите од петте кандидати кои испаднаа од првиот круг на осми мај да дадат поддршка на бројот еден.

„Во вториот круг почнуваме од нула и тука навистина имаме голема шанса на крај да излеземе и како победници. Петте кандидати кои отпаднаа вкупно собраа 330.000 гласови. Јавно, гласно и јасно кажувам дека од тие 330.000 гласови, најголем дел, огромно мнозинство се блиски до ова што ние го пропагираме, застапуваме и кажуваме години наназад. Нашата притивкандидатка во вториот круг има сосем други замисли за Македонија, која мисли дека Македонија треба да се враќа назад и во тоа е сериозно поддржана од партискиот лидер кој ја поддржа како негов личен избор“ порача Пендаровски, повикувајќи на осми мај да се заокружи бројот 1 како единствена гаранција дека државата ќе продолжи по исправниот пат и нема да се врати назад.

притисни ентер