Џими Кимел се расплака кога позната актерка проговори за смртта на нејзиниот син (ВИДЕО)

За време на епизода од Џими Кимел во живо во четвртокот вечерта, тој беше домаќин на Реџина Кинг.

Актерката го промовираше својот филм Ширли, за Ширли Чишолм, кој сега се емитува на Нетфликс, а тоа беше нејзино прво појавување во доцната ноќна емисија на ABC по смртта на нејзиниот син.

Кимел директно не го спомна синот на актерката, Иан Џуниор, кој изврши самоубиство на 26-годишна возраст во јануари 2022 година, но ја допре темата кога ѝ кажа дека е добро да ја види и праша како е. Актерката одговорила дека е добро. „Добро, мило ми е што го слушнав тоа. Знам дека си поминала низ многу изминативе неколку години“, рече Кимел, кој беше видно тажен и емотивен. Водителот и актерката во тој момент се држеа за рака.

Синот на Регина, Иан Александар Џуниор беше нејзиното единствено дете. Таа го имаше со нејзиниот поранешен сопруг, продуцентот Иан Александар, со кого беше во брак од 1997 до 2007 година. „Сега сум поинаква личност отколку што бев на 19-ти јануари. Тагата е патување. Разбирам дека е“, рече актерката оскаровка претходно оваа недела за време на гостувањето во Добро утро Америка.

„Тагата е љубов која нема каде да оди. Сите ние различно се справуваме со неа. Знам дека ми е важно да му оддадам почит на Иан во целост каков е тој, да зборувам за него во сегашноста, бидејќи тој е секогаш со мене, како и радоста и среќата што ни ги дадоа сите“, додаде таа.

Таа исто така рече дека луѓето очекуваат депресијата „да изгледа на одреден начин“. „Тие очекуваат дека ќе изгледа тешко. Го почитувам и го разбирам изборот на Иан. Тој не сакаше повеќе да биде тука, а тоа е тешко за другите луѓе да го прифатат бидејќи не го живееле нашето искуство и не го живееле животот на Иан“,рече ѕвездата на Watchmen.

„Понекогаш чувствувам голема вина. Кога родителот ќе изгуби дете, секогаш се прашувате: „Што можев да направам за да не се случи ова? Знам дека ја делам таа тага со сите, но никој друг не е мајка на Иан, знаете? Само јас. Значи, таа е моја и таа тага никогаш нема да исчезне, секогаш ќе биде со мене“, заклучила таа.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Буенос Аирес доби 60 годишна Мисица

Откако беше објавено дека Алехандра Мариса Родригез стана Мис Универзум Буенос Аирес Алехандра на 60 години, цел свет сега зборува за неа.

Убавата Алехандра по професија е новинарка и адвокатка. Таа ја освои титулата за најубава жена во милионскиот Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби можност да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година. Тоа значеше дека изборот за Мис веќе не е резервиран само за девојки на возраст од 18 до 28 години. Според новиот закон сега се бара само учесничките во изборот да бидат полнолетни. Алехандра во новиот закон ја видела можноста за учество пријавила и на крајот победила многу помлади девојки.

Сега таа ја открива тајната на нејзиниот одличен изглед.

- Неопходно е да се живее здраво, да се јаде добро, да се занимаваш со физичка активност - изјави таа за локалната телевизија Ел Трече и додаде:

- Она што се трудам е да постам повремено, мислам дека многу помага. Потоа се трудам да јадам органска храна, многу овошје, многу зеленчук и користам добри креми.

притисни ентер