Џим Кери на суд за смртта на поранешната девојка

Поранешниот сопруг на Катриона Вајт, Марк Бартон, поднесе тужба против Џим Кери во која го обвинува дека ја снабдувал Катриона со дрога. Таа почина минатата година од предозирање.

Марк Бартон во тужбата тврди дека Кери го користел статусот на ѕвезда и богатството за да ја снабдува Катриона со дрога. Наводно, Кери под лажното име Артур Кинг ја набавувал дрогата за Катриона, а по нејзината смрт презел чекори за да ја сокрие својата инволвираност во трагедијата.

Џим Кери тужбата ја нарече „ужасен срам“ и изјави: Има моменти во животот кога мора да застанеш и да ја браниш својата чест против злобата во овој свет. Проблемите на Кет постоеја долго пред да ја запознаам и за жал нејзиниот трагичен крај беше надвор од сечија контрола. Се надевам дека наскоро луѓето ќе престанат да се обидуваат да профитираат од ова и ќе ја остават да почива во мир.

Image result for џим кери

Во тужбата се обвинува Кери дека имал опсесија да ја контролира и манипулира 30 годишната девојка со која имал врска со повремени прекини од 2012 година. Тој наводно бил во можност да ги прегледува снимките од камерите кои го снимале нејзиниот дом во Л.А. Наводно, актерот знаел дека Катриона не го напуштила својот дом во септември (кога почина) повеќе од 24 часа, но не реагирал.

Медиумите тогаш јавуваа дека неколку дена пред самоубиството, Џим Кери и Катриона раскинале...

Image result for џим кери


/извор: abc.net.au

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

притисни ентер