Димитров: Во француско-германскиот експертски извештај се предлага укинување на ветото

Во француско-германскиот експертски извештај се предлага укинување на ветото во процесот на зачленување

Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денеска се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото, односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус се’ до последниот чин во процесот - зачленувањето, објави на својот профил на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во извештајот „Едрење на отворено море: реформирање и проширување на ЕУ за 21 век“ се наведува дека ЕУ треба да има цел да биде подготвена за проширување до 2030 година, а дотогаш кандидатите за членство треба да ги исполнат условите за пристапување.

Препораките на експертите на француско-германската работна група за институционални реформи на ЕУ се однесуваат на три клучни цели: подобра заштита на основниот принцип, односно владеење на правото, институционални предизвици и управување со продлабочувањето и проширувањето на ЕУ.

-Новото политичко раководство по европските избори во 2024 година треба да се посвети на целта од 2030 година и да се договори како дотогаш да биде подготвено за проширување, се наведува во извештајот.

Експертите наведуваат девет принципи кои треба да ги водат идните стратегии за проширување: на прво место основните принципи, геополитички фактори, решавање конфликти, дополнителна техничка и финансиска поддршка, демократска легитимност, еднаквост, систематизација, реверзибилност и гласање со квалификувано мнозинство. /МИА

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

 Повеќе од 180.000 луѓе се раселени за четири дена колку што траат борбите околу Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија Обединетите нации по израелската операција за извлекување на телата на заробениците.

„Околу 182.000 Палестинци беа принудени да го напуштат централниот и источниот дел на Кан Јунис од понеделникот бидејќи интензивирањето на непријателствата поттикна нови бранови на внатрешно раселување низ Газа“, соопшти Канцеларијата за хуманитарни прашања во Газа, додавајќи дека „стотици други останале без можност да се преселат некаде во источниот Кан Јунис“.

Израелската војска соопшти дека „елиминирала околу 100 терористи“ во Кан Јунис во последните четири дена.

Таа, исто така, објави дека пронашла тела на петмина Израелци во Кан Јунис, вклучително и двајца војници и двајца резервисти кои беа убиени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и одведени во Појасот Газа.

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

 Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно беа излезени на терен и гасеа пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на самиот влез во градот.

Пожарот се уште не е целосно изгаснат, а над депонијата се уште може да се забележи чад.

Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.

Како што посочуваат од ТТПЕ Охрид, причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор, а гаснењето тешко се одвива оттаму што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето.

Баерн понуди 20 милиони евра за Та

 Баерн Минхен испрати втора понуда до Баер Леверкузен за дефанзивецот Џонатан Та, пренесува „Кикер“.

Според германскиот весник, клубот од Минхен е подготвен да плати 20 милиони евра за 28-годишниот Германец. Може да се платат и дополнителни пет милиони евра во форма на бонуси.

Актуелниот договор на играчот со Леверкузен е на уште една година, а тој не планира да го продолжи договорот со надеж дека ќе замине во Баерн.

Во сезоната 2023/24, Та настапи на 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест голови и една асистенција.

притисни ентер