„360 степени“ објави дека договорот бил склучен во „четири очи“ со германската фирма Дермалог, од која уредите беа набави пред 3 години, но од ДИК, за Канал 5 велат дека набавката била итна, со оглед дека во декмеври беше договорено изборите да бидат двојни, па наградбата на апаратите не можело да биде предвидена со планот за јавни набавки за 2024 година..
-ДИК спроведе договор за јавна набавка со преговарање без објавување на оглас во согласност со одредбите од законот за јавни набаки за набавка на услуга прилагодување на имплементиран, интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите. Имено, законски услов за почнување на постапката за преговарање е претходно прибавено позитивно мислење од БЈН кое ДИК го обезбеди и кое јавно и транспарентно е објавено.- Радица Алексовска Тодоровска – ДИК
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за Канал 5 вели дека со Дермалог веќе постои пет годишен договор од 2021 година и според истиот фирмата треба да ги врши техничките процедури, бидејќи пред се, го поседува кодот за надградба.
-Изворниот код на набавениот софтвер е во сопственост на економскиот оператор Дермалог и ДИК не може да врши било какви промени и прилагодувања во истиот ниту да се врши друг тип на набавка поврзана со набавениот систем со друг економски оператор согласно законот. Точно е дека согласно склучениот договор во 2021 година, истиот се однесува на сите видови на избори, но надградбата беше потребна бидејќи различни видови на избори се одржуваат во истиот ден.
Од ДИК велат дека се подготвени аргументите да ги презентираат пред сите заинтересирани државни инситуции, откако Антикорупциска соопшти дека отвориле предмет по анонимна пријава околу договорот за надграбта на ситемот.