Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка, се враќале од партиски митинг

Девет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка додека се враќале од митинг на владејачката партија Африкански национален конгрес.

Поддржувачите на партијата на претседателот Кирил Рамафоса се враќале дома со автобус по митингот во градот Дурбан.

Автобусот излетал од патот и се превртел, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи објавија дека уште 17 лица се повредени во несреќата кај градот Паулпитерсбург, на околу 360 километри северно од Дурбан.

Африканскиот национален конгрес соопшти дека некои од повредените се во критична состојба.

Партијата официјално ја започна својата изборна кампања на стадионот Мозес Мабхид во Дурбан пред десетици илјади поддржувачи, а изборите се закажани за 29 мај. /МИА

Пожар во паркирано моторно возило во Дебар

Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица.

- Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата „Есат Мезелџиу“ во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат браво“ сопственост на С.С.(48) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Toj додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Истрагата околу причините е во тек.

Ѓорческа запрена во полуфиналето на турнирот во Португалија

Лина Ѓорческа во неизвесен меч го загуби денешното полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Фигеира да Фоз, Португалија што се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Поуспешна од македонската тенисерка беше поранешната тенисерка број 10 Кристина Младеновиќ од Франција, која мечот го доби со 2:0, по сетови 6:4 и 7:5 за еден час и 44 минути игра.

Првиот сервис беше проблем за двете тенисери во мечот во кој Французинката имаше нешто подобар процент (58% наспроти 44% за Ѓорческа) што на крајот се покажа решавачко. Во таков меч Ѓорческа имаше 7 брејка од 12 можности, а Младеновиќ 9/16. Во текот на целиот меч дуваше силен ветар што им создаваше големи проблеми на двете тенисерки во играта.

Во првиот сет по осум одиграни гема ниту една тенисерка не освои гем на свој сервис, а во таков резултатски тек Ѓорческа водеше со еден гем предност. По 4:4 во гемот број 9 Младеновиќ го освои гемот на сервис поведе со 5:4, а потоа со нов брејк го доби првиот сет со 6:4 во гемови.

Почетокот на вториот сет беше сосема поинаков и по три гема водство за Младеновиќ, но сега тенисерките освојуваа гем на свој сервис. Французинката прва напррави брејк за водство од 3:1, но кога беше најпотребно во 10.гем на свој сервис Ѓорческа успеа да изедначи на 5:5. Но, сепак следните два гема и припаднаа на Младеновиќ за 7:5 во вториот сет и конечни 2-0 во сетови.

За пласманот во полуфиналето на турнир од рангот W100, Ѓорческа ќе освои 39 поени и најверојатно на новото рангирање ќе успее да влезе меѓу првите 200 тенисерки на ВТА листата.

Ѓоковиќ експресно во 2 коло на Олимпискиот турнир во Париз

Најтрофејниот свтески тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ експресно со само еден загубен гем го започна настапот на 33 Олиписки игри во Париз.

Првиот носител на олимпискиот турнир во Париз на стадионот „Филип Шатрие“ го победи Австралиецот Метју Ебден со 2-0 по сетови 6:0, 6:1.

Ѓоковиќ од почетокот до крајо тна мечот домоинираше на терените на Ролан Гарос во Париз и најави дека е подготвен за големи дострели на Игрите во Франција.

На својот противник Ноле му препушти само еден гем во двата сета. Во еден момент од вториот сет индиспонираниот Ебден побара дури побара некој гледач од публиката да се симне долу на теренот и да го замени.

Легендарниот Ноле во второто коло го очекува подобриот од мечот Рафаел Надал - Мартон Фучовиќ.

притисни ентер