Дескоска: Извесно е дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите

Денеска во Јавното обвинителство официјално започна имплементацијата на ИПА Твининг проектот насловен како „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар‘‘.

Проектот е финансиран од Европската унија, а Јавното обвинителство на Република Северна Македонија како клучен корисник ќе го спроведува во соработка со Министерство за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за финансиска полиција, Царинска управа во период од 18 месеци, во партнерство со Германска фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Министерство за правда на Република Хрватска.

По тој повод, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска имаше воведно обраќање во кое истакна дека истражните центри претставуваат најзначајната алатка во рацете на обвинителите.

“Тие го откриваат патот на парите, тие се на некој начин очите и ушите на обвинителите, тие ги собираат сите делчиња од сложувалката, тие ја градат целосната слика за еден кривично-правен настан“ – потенцираше Дескоска.

Главната цел на проектот, како што истакна министерката Дескоска е подобрување на ефикасноста и ефективноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата против криминалот.

Проектот е структиран во три компоненти и истиот е наменет за поддршка за формирање на истражни центри во Основното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал и корупцијата и канцелариите за јавни обвинители со проширена надлежност кои имаат најголем број предмети (ОЈО Скопје, ОЈО Куманово, ОЈО Тетово).

“Крајната цел на овој проект е да се постигнат ефикасни и мултидисциплинарни истраги кои ќе обезбедат цврсти докази за обвиненија кои ќе бидат презентирани пред судовите“, истакна Дескоска.

Потоа, министерката Дескоска истакна дека вложувањето во обвинителството е инвестиција во правната држава, па во таа насока ги повика и пратениците во Собранието да придонесат кон јакнењето на правната држава, со тоа што ќе дадат поддршка за Законот за Јавното обвинителство.

Според министерката Дескоска, извесно е дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите:

“Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство. Целосно се тргна и можноста за било какво негативно влијание од мислењето на Врховниот суд. Сепак, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада. Затоа е бесцелно неконструктивното однесување на било кој во процесот на носење на законот. “ – потенцираше министерката за правда.

Во пресрет на одлуката за датум за преговори, Дескоска апелираше државните интереси да бидат ставени пред партиските: Можеби носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО, но потребен е заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот сектор.

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер