Дел од кандидатите за претседател на добар пат, дел на маки да ги обезбедат неопходните потписи

​На дел од претендентите за иден шеф на државата нема да им бидат потребни две недели да ги обезбедат потребните 10.000 граѓански поптиси, со што и официјално ќе влезат во трката за највисоката државна функција.

Некои од нив веќе успеале да соберат повеќе од половна од потребните потписи ширум подрачните единици на ДИК. Заклучно со вчершаниот ден Османи обезбедил 5405 потписи. Една третина од потребните граѓански потписи успеал да собере и Максим Димитриевски вкупно 3613 потписи, за Ванковска досега се потпишале 2758 граѓани, за Јакимовски 1974, а за Вело Марковски 249. Кандидатот на албанската опозицја Тарвари, кој трката по потписи ја почна нешто подоцна од останатите, во текот на вчерашниот ден собрал 246 потписи. Во трката за потписи барем засега не се вклучени Силјановска Дафкова и Пендаровски, чии кандидатури доправа треба да бидат потрврдени на партиските конвенции идниот викенд.

Во меѓувреме интегративците не отстапуваат од нивното барање за избор на шеф на државата во Собрание. Тврдат дека не уценуваат, туку дека бараат еднаквост во општеството. Барањето за избор на претседател во Паралменот, наместо на непосредени изботи, освен за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо ниту за СДСМ, повторија и денеска од партијата.

„Нашиот став дека кандидатот за претседател треба да се бира на непосредни избори и ова барање не е ништо ново, се слушаше и во изборите во 2019 и 2020 година, сметаме дека нема потреба да се назадуваме во демократијата. Не очекуваме дека ќе бидат бојкотирани претседателските избори од било која политичка партија и очекувам голема поддршка за канидатот на СДСМ, порача портпаролот на партијата“, Дарко Каевски.

Дека барањата на албанските партии и евентуален бојкот на вториот круг би го довеле во прашање достигнувањето на цензусот од 40% не очекува ниту поранешниот ссобраниски претседател Тито Петковски. Во изјава за Канал 5 дека е неприфатливо изборот на шеф на државата да зависи од бедентерово мнозинство и дека не е ниту време, ниту место да се поставува такво барање.

Предизборната кампања за претседателските избори стартува на 4-ти април. Првиот круг е закажан за 24-април.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер