Дали„ YouTube“ ќе ги отстрани видеата со упатства за кражба на автомобил?

Се погласни се иницијативите кои бараат „YouTube“ да ги отстрани несоодветните видео материјали кои содржат упатства за полесна кражба на одредени модели од корејските производители „Kia“ и „Hyundai“.

Во тренд е предизвикот на „TikTok“ каде што корисниците се поканети да се обидат да украдат одредени автомобили од корејски производител. Станува збор за поевтини модели произведени по 2011 година кои немаат имобилизатор, односно електронска блокада на моторот.

Поради овој предизвик, минатата година во некои сојузни држави е забележан драстичен пораст на кражбите на овие возила. Прв на удар беше Милвоки, а 66 отсто од речиси 10.500 украдени возила се од марките „Kia“ и „Hyundai“.

Како дел од напорите, Националното биро за криминал во осигурувањето (NICB), Коалицијата за осигурителни измами и Меѓународната асоцијација на специјални истраги испратија заедничко писмо до извршната директорка на „YouTube“, Сузан Војчицки, барајќи од неа да ги отстрани видеата „како да“ кои содржат детални упатства за автомобил кражба.

„NICB“ соопшти дека во некои области има зголемување на бројот на кражби на автомобили „Hyundai“ и „Kia“ до 936%.

Лос Анџелес забележа пораст од 85%, а Сент Луис 48%. Од друга страна, Милвоки, каде што започна трендот, бележи таков пораст на кражбите што 66 отсто од речиси 10.500 украдени возила се„ Kia“ или „Hyundai“.

Извор: Б92

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

притисни ентер