Дали може да се зачне бебе во Вселената?

Дали може да се зачне дете во Земјината Орбита? Тоа е прашањето на кое холандскиот истражувач и претприемач д-р Егберт Еделбрук се обидува да одговори со експериментирање со репродукција во Вселената. 

Тој е раководител на биотехнолошката компанија „Спејсборн јунајтед“ (SpaceBorn United).

- На човештвото му треба „резервен план“. Ако сакате (човековиот, з.п.) вид да опстои, мора да бидете „мултипланетарен вид“, изјави Еделбрук за порталот „МИТ“.

Потрагата по иднината на човештвото, сепак, првично нема да вклучува водење љубов во Вселената. Наместо тоа, ќе се експериментира со „ин-витро“ оплодување во мини-лабораторија во Ниската орбита на Земјата. Малата лабораторија со сперматозоидите и јајце-клетките во неа е со големина на кутија за чевли и е направена така што да издржи високо зрачење и послаба гравитација. Исто така, има ротациони способности и може да се движи со различни брзини за да „ја долови“ гравитацијата на Земјата, Месечината или Марс, според наводите. По околу пет или шест дена, кога ембрионот ќе достигне фаза наречена бластоцист, ќе биде криогенски замрзнат за патувањето назад на Земјата.

Истражувачите се особено сосредоточени на ефектите на нулта брзина врз ембрионите по влегувањето во орбитата на Земјата. Експериментот треба да почне во ноември следната 2024 година, а се спроведува во соработка со германската компанија „Атмос спејс карго“ (Atmos Space Cargo). Тестовите прво ќе се вршат на глодари, па дури потоа, во случај на успешност - ќе се премине на тестирање на луѓе, пишува „Њујорк пост“ (New York Post). /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на економијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонија да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

Фото: МИА архива

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи.

ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Шалтерите во Дирекцијата на „Водовод и канализација“ денеска и утре ќе работат до 14 часот

Шалтерите за наплата на „Водовод и канализација“ во дирекцијата на претпријатието денеска ќе работат од 07:30 до 14 часот, а утре од 09 до 14 часот. Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.

Од претпријатието информираат дека од петок продолжуваат со редовно работно време.

Одлуката, како што посочуваат од ЈП „Водовод и канализација“ е во согласност со заклучоците од 199. седница на Владата поради одржување на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

притисни ентер