Дали коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија ќе се определи по локалните избори во 2025

Претседатетелот на Движење Беса, Биљал Касами, денеска од Тетово истакна дека коалицијата „Вреди“ ќе настапи заедно и на локалните избори во 2025 година, а потоа ќе се види дали ќе станат и една партија. Викендов „Вреди“ формираше координативно тело.

-Коалицијата „Вреди“ во следната фаза ќе оди со заеднички органи, координативното тело каде секоја партија ќе има по двајца членови, претседателот и по еден заменик и претставникот на „Самоопределување“ Беким Ќоку ќе биде деветтиот член на тоа координативно тело. Дополнително ќе има и комисија за кадровски прашања која ќе ги реши сите овие работи во делот на именување и разрешување и следење на работат на нашите функционери во Владата и ќе имаме заедничка комуникација со медиумите односно портпарол на „Вреди“ до локалните избори кога планираме да одиме заедно, рече Касами од Тетово, каде како градоначалник имаше средба со новинарите.

[Градоначалникот Тетово заедно со началникот на СВР Тетово и директорот на ЈП „Градски паркинг“ денеска на булеварот „Илинден“ извршија надзор на состојбите во сообраќајот, по вчерашната одлук]

Според него, патоказ за следните чекори во коалијата ќе биде исходот од локалните избори.

-Од резултатите на локалните избори ќе се види дали после тоа ќе одиме со следен чекор, да одиме со една структура, една партија, сакаме како досега и натаму да одиме по природен пат. Досега комуникацијата е одлична се надеваме дека и понатаму таква ќе биде и соединувањето на органите и структурите на коалицијата да биде по природен пат, рече Касами.

Ужас на Формула 1: Болид се судри и се запали, возачот спасува жива глава (ВИДЕО)

Драматична сцена од трката за Големата награда на Холандија!

За време на квалификациите дошло до тежок судар во кој учествувал возачот на Вилијамс, Логан Сарџент, по што автомобилот целосно излетал и се запалил.

Веднаш беше подигнато црвено знаме, а сцените од местото на настанот дефинитивно се застрашувачки.

Добрата вест е што Сарџент веднаш излетал од автомобилот и е целосно неповреден и веднаш побегнал од запалената „рута“ на автомобилот.

Совозачите од другите тимови панично мавтале кон Сарџент кога го виделе пожарот како доаѓа од автомобилот и за среќа никој со полна брзина не налетал на несреќниот возач.

Кенеди помладиот го подржа Трамп и настапи заедно со него на митинг во Аризона

Роберт Ф. Кенеди помладиот му даде подршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп придружувајќи му се синоќа на митинг во Аризона, неколку часа откако ја суспендираше неговата претседателска кампања.

Кенеди изјави дека ќе се повлече од гласачкото ливче во 10 клучни сојузни држави.

Подршката за Трамп предизвика тензии во семејството на Кенеди, едно од најпознатите семејни лози во американската политика кое потекнува од Демократската партија.

Трамп изјави дека е „многу почестен“ што ја добил поддршката од независниот претседателски кандидат Кенеди помладиот, кој го нарече „големо засилување“. Американските медиуми јавуваат дека Трамп ја разгледува можноста да му даде кабинетско место на Кенеди во неговата администрација.

-Многу сум почестен од тоа, изјави Трамп во интервју за д-р Фил синоќа. „Го познавам долго време, бевме делумно пријатели, всушност, и мислам дека ќе биде големо засилување.“

Интервјуто доаѓа откако Кенеди на прес-конференција во петокот објави дека ја суспендира својата кампања во клучните држави и ги повика своите гласачи да го дадат својот глас за Трамп. Кенеди има мала подршка од пет до шест отсто во неколку клучни држави како Аризона и може да стане спојлер за претседателската кандидатка Камала Харис.

Во меѓувреме, пет членови од неговото семејство излегоа со изјава во која подршката за Трамп ја нарекоа „тажен крај на една тажна приказна“ и ја повторија нивната подршка за Харис и нејзиниот кандидат за потпретседател, Тим Валц.

-Одлуката на нашиот брат Боби денеска да го поддржи Трамп е предавство на вредностите што на нашиот татко и нашето семејство им се најблиски до срцето, стои во изјавата објавена на Х од неговата сестра Кери Кенеди.

-Ние веруваме во Харис и Валц. Сакаме Америка исполнета со надеж и обединета со заедничка визија за посветла иднина, иднина дефинирана од индивидуалната слобода, економските перспективи и национална гордост, изјавија од семејството.

Кенеди помладиот, кој е син на покојниот државен обвинител и сенатор Роберт Кенеди и внук на претседателот Џон Ф. Кенеди, и кој за време на Ковид пандемијата ширеше антиваксерски погледи и други теории на заговор, призна дека неговата одлука да го подржи Трамп предизвикала тензии со неговото најблиско семејство.

Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт

Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови.

Денеска на покана на директорот на ЈП Државни патишта, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, сме тука да видиме една преубава презентација во делот на реализација на проектите кои што се дел од работата на ова јавно претпријатие.

Кога велам преубава, мислам на тоа за колку кратко време, би рекол помалку од 2 месеци како една работа која што изгледа безизлезна, катаклизмична, обременета со многу криминал, многу злоупотреба, со лоши решенија, може со посветеност, со работа, со тимска работа да практично изгледа убаво и да биде како што треба да наликува. И набрзо од денеска да имаме реализација на сите овие проекти, нешто кое што граѓаните го очекуваат од нас.

Можам врз основа на ова што го видов да кажа дека полека но сигурно ова јавно претпријатие се консолидира, се стабилизира. Но, истовремено полека но сигурно се ослободува од криминалот.

Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот.

Македонија беше обременета од криминал, изминатите 7 години и тоа од епски размери.

Знаете вие како поединци се однесуваа, сите бевме сведоци на лошото функционирање на Владата на СДСМ и ДУИ.

И она кое што мене во овој момент може да ме направи задоволен е што ги стабилизираме состојбите, полека но сигурно.

Но, исто време повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде тие пари завршувале и како поедини политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални.

Мора да има одговорност и одговорност ќе има. Но, важно е и добрата вест од мојата денешна посета е дека директорот заедно со тимот, со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт многу посветено работат, жестоко работат и очекувам резултатите многу скоро од денеска да излезат, нешто што 7 години не беше возможно.

Самите резултати финансиски тоа го кажуваат, ако до пред 2 месеци состојбата била 10 спрема 1 во однос на долгови и финансиски средства расположливи на сметка, денеска е веќе ви рекол тука некаде избалансирана состојбата, значи десеткратно е подобрена состојбата.

А кога станува збор за она исплатата на патарините, самиот директор кажа дека овој јули ако се спореди со минатата година јули имаме за милион и 100 илјади евра повеќе, 66 милиони денари поголема наплата, ако вкупниот приход е 288 милиони, ние имаме за 66 милиони повеќе. Замислете тие каде завршувале до сега.

Ако УЈП имаат за 40 проценти поголема наплата во јули, ако Царина има за 20 проценти, ако овде имаме за 66 милиони повеќе, можете да замислете што се случувало, каква пљачка се случувала во Македонија.

И затоа го повикувам ЈО избран од мнозинството СДСМ-ДУИ веднаш да влезе во институциите и да се позанимава со ова. Има шанса да се позанимава со ова.

Еве од оваа прес конференција го повикувам Јавниот обвинител ќе повторам избран од мнозинството СДСМ-ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот кој што го правеле функционерите од СДСМ-ДУИ.

Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните, ако не се постапува, ако не се работи ние мораме да го заштитиме тој интерес.

Така што уште еднаш честитам на овие 2 месеци консолидирање и посакувам уште многу успеси во периодот кој што следи, и заедно да се радуваме на завршени проекти и заедно да редиме успеси, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас.“

притисни ентер