Дали е ова тајната вила на рускиот претседател Владимир Путин (видео)

Рускиот опозициски водач Алексеј Навални повторно го нападна претседателот Владимир Путин поради корупција.

Тој објави нова снимка на Јутуб на која се гледа раскошна вила, наводно во сопственост на претседателот Путин, во која тој престојувал неколку пати.

Откако беше објавена снимката, ја видоа повеќе од два милиони луѓе.

Снимката вклучува и кадри од воздух на вилата во близина на Виборг.

Ова е најнова од низата снимки со кои Навални го открива незаконски стекнатиот имот на високи владини службеници и тајкуни блиски на Кремљ.

Навални, блогер познат по истраги за корупција, објави дека сака да се кандидира за претседател на изборите во 2018 година, но во тоа го спречува правосилната пресуда против него, што тој ја нарекува политички мотивирана.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

Велигденска порака на Арихепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење...

Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога, се вели во посланието на Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

притисни ентер