ЦУ: Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра и друго

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго.

Облека, обувки и модни додатоци

- 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Патникот се упатил кон зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола, но при преглед на неговите два куфери со скенер биле пронајдени непријавените производи кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник, Непријавените производи, пронајдени во преградите под предните седишта на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во 8 кеси сместени во багажниот простор и под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека дел од производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Разна стока

- 255 разни производи (облека, обувки, постелнина, садови за домаќинство, техничка стока, алат парфеми и монтажни сушарки), откриени при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во товарниот дел на возилото биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

- 125.684 парчиња разни производи, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. Возилото било сопрено на наплатна станица Романовце, и откако при визуелен преглед било констатирано дека во товарниот дел има стока од трговски карактер за која возачот не поседувал документ за платени царински давачки, извршен е детален преглед и привремено задржани се 120.000 жилети, 1.200 запалки, 1.100 кесички камагра, 23 килограми маџун, 47 килограми мед, 722 парфеми и 89 тоалетни води. За сторениот царински прекршок, против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост

- 5.111 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случи од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Кина, сместена во јавен царински склад, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

Во првиот случај, фирма од Скопје со две царински декларации, пријавила детски играчки за увозно царинење. Мобилен царински тим извршил контрола на пријавената стока, но и на остатокот од стоката која била ставена на привремено чување, при што биле откриени 3.144 играчки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Во вториот случај, при контрола на детски играчки пријавени за увозно царинење од страна на друга фирма од Скопје, биле откриени 1.967 играчки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

Во двата случаи сомнителните производи се привремено задржани и, согласно законските прописи, ќе бидат започнати постапки за утврдување на нивната оригиналност.

Почина член на шведската група АББА

Поранешниот тапанар на познатиот шведски бенд ABBA, Роџер Палм, почина на 75-годишна возраст, пишува Aftonbladet.

Според извештаите, музичарот боледувал од Алцхајмерова болест.

– Роџер Палм, легендарниот тапанар, почина во саботата од Алцхајмерова болест – објави шведскиот весник.

Познатиот музичар е роден во 1949 година.

Свиреше во бендовите Gimicks, Beatmakers, Moonlighters, но се прослави како тапанар на ABBA.

Ахмети: Преиспитување на Законот за јазиците може да предизвика длабока криза

Преиспитувањето на законот за јазиците би било враќање во минатото смета лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во пресрет на очекувата одлука на Устванито суд, тој предупредува дека на такво начин ќе се креираат длабоки кризи.

„Да не се навраќаме наназад и да гледаме како да се придвижиме напред. Да воспоставиме траен мир, а не да се трудиме да креираме длабоки кризи кои не не водат никаде и не ни помагаат.“- Али Ахмети – претседател на ДУИ

Ахмети изјавата ја даде пред денешната средба со претседателката на албанското собрание Елиса Спиропали, кој отиде чекор подалеку... во својот говор на прес конференцијата со нејзиниот колега Гаши, и надвор од вообичаената дипломатска пракаса, коментираше дека очекува одлуката на Уставен да биде согласно Охридскиот договор.

-Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет. Целосно ја препознаваме и ја разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од можни промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор.- Елиса Спиропали – претседателка на Собрание на Албанија

Законот за јазици беше изгласан во 2018 година и објавен во Службен весник без потпис на указот од претседателот Ѓорѓе Иванов. Дури потоа беше испратен до Венецијанската комисија, а во одговорот оттаму најмногу забелешки имаа за судските постапки, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски. Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, но во пракса тоа не се случи.

Неодамна претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски изјави дека поради бројните дилеми и недоверба во Законот, судиите следниот месец ќе носат уставно-правна и аргументирана одлука за овој предмет, кој е формиран уште во 2019та година по поднесени 13 иницијативи од граѓани, политички партии и здруженија.

Претходно минатава недела, Уставен ги замрза и актите за балансерот, кој, според најавите, ќе биде заменет со Закон за правична застапеност на етничките заедници.

Државното знаме се вее пред сите министерства и важни државни објекти во главниот град

По серијата прилози на Канал 5 за непоставувањето на државното знаме на  објектите на повеќе Министерства и институции, надлежните реагираат.

Согласност Законот за државни симболи, од денеска тоа се вее пред сите Министерства и поважни државни објекти. Дополнително, оштетените и парталави знамиња на повеќе објекти, што исто така е кршење на закон, сега е променети со нови.

Ова беше состојбата на зградата на Нова Македонија, каде што се сместени девет високи државни институции меѓу кои и Министерството за образование, локална самоуправа и за администрација. Сега сликата сосема поинаква. И на влезот на самиот објектот каде што местата предвидени за знамиња беа празни, повеќе не е така.

Државното знаме по повеќе години сега се наоѓа и пред објектот за Министерството за труд и социјална политика. И пред новата зграда на Министерството за транспорт и врски за прв пат е поставено македонското знаме.

Овие срамни слики од врвот на зградата на МТВ веќе се минато. Остатоците од знаме, се тргнати, а на јарболот е поставено ново знаме. Мал чекот со голема симболика.

Во близина е и зградата на Кривичниот суд. И тука јарболите повеќе не се празни. Нашето знаме е поставено.

Неверојатно беше и тоа што пред објектот на највисоката научна уставно во земјата МАНУ воопшто го немаше државниот симбол. За неколку дена од репортажата, знамето и тука е поставено...

притисни ентер