Потребни состојки: 200 гр. брашно, 250 гр. чоколадо за готвење, 120 гр. путер, 3 јајца, 50 гр. шеќер и 200 гр. фондан.
Постапка:
Чоколадото и путерот се топат на пареа.
Откако ќе се растопат се тргаат на страна.
Потоа се додаваат: јајцата, брашното и шеќерот.
Сите состојки се мешаат се додека не се добие хомогена смеса.
Добиената смеса се става во калап со форма на срце.
Се пече во загреана рерна 10-15 минути на 180 степени.
Откако ќе се испече се остава да се излади.
Се обложува со бел фондан и се декорира со украси од црвен фондан.