Царовска, Шкријељ и Наумоски: Ѓорче Петров ќе добие нова градинка, силно инвестираме во раниот детски развој

Континуирано го зголемуваме опфатот на деца во предучилишните форми на воспитување и образование. 

Тоа е висок приоритет на Министерството за труд и социјална политика и Владата затоа што раното учење игра клучна улога во развојот на децата. Тоа е важно и од друг аспект – овозможува родителите да се активираат на пазарот на труд, порачаа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, кои беа на градилиштето каде за година и половина ќе биде завршена новата градинка во населеното место Волково.

Царовска притоа потенцираше дека вложувањето во децата е најдоброто вложување што го прави државата и директно вложување во економијата.

-Новата градинка ќе ги релаксира просторните услови на децата кои веќе одат во постоечките градинки во овој дел од градот и ќе се обезбедат многу посовремени услови за згрижување на децата. Како Влада навистина покажавме дека инвестирањето во предучилишното образование е наш висок приоритет. Само во две и пол години вложивме повеќе од 180 милиони денари, што покажува дека сакаме да ја подобриме инфраструктурата во детската заштита. Исто така, преку програмата на Светска банка, обезбедивме 15 милиони евра, за дополнителни инвестиции во градинките. Важно ни е и да се зголемува квалитетот на програмите за рано учење и ран детски развој. Ова го правиме со цел да го подготвиме новиот човечки капитал што го имаме во нашата држава, да може да ги пресретне современите текови на живеење и полесно да се справи со сите предизвици. Со тоа директно придонесуваме за развој на економијата и на државата во иднина", нагласи Царовска.

Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2020 година издвои 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки.

-Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат, туку тоа се места каде децата почнуваат да учат, да го осознаваат светот и да се социјализираат. Затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот, а наша обврска како институции и од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме. Токму затоа силно инвестираме во раниот детски развој. Вкупната инвестиција во оваа градинка е над 80 милиони денари, од кои околу 73 милиони денари се обезбедени од МТСП заедно со Светска банка, рече дополнителната заменик-министерка Шкријељ.

Градоначалникот Наумоски рече дека градинката ќе биде најубавата во државата. Во градинката, што се гради во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, дел од детството ќе минуваат 175 деца.

Мината година платите на стручниот кадар во градинките пораснаа за 26 проценти, потесетуваат од МТСП. Во следните четири години опфатот на деца во предучилишно образование ќе се зголеми на 60 отсто. За да се оствари стратешката цел на Владата за вклучување на што повеќе деца во предучилишно образование, Министерството за труд и социјална политика работи на зголемување на пристапот и опфатеноста не само во градинките туку и на формирање центри за ран детски развој. /МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер