Бугарија ќе ја укине таксата на руски гас во замена за влез во Шенген зоната

Бугарија времено ја отфрла спорната такса од 10 евра за мегават час за пренос на рускиот природен гас низ нејзина територија, која ја воведе пред само месец и половина.

Проментата на ставот на бугарската Влада, е со цел подобрување на односите со земјите членки на ЕУ, но и приклучување на земјата кон Шенген-зоната. Од официјална Софија велат таксата се отфрла и нема да се наплаќа се додека не се најде заеднички европски механизам.

Според двајцата поранешни премиери на Бугарија, а сега лидери на двете најголеми владејачки партии во земјата, Бојко Борисов и Кирил Петков, шансата за приклучување на земјата кон Шенген зоната не смее да се пропушти.

„ Работиме заедно со Европската комисија и кога ќе ни дадат сеопфатен механизам, тогаш повторно ќе го примениме доколку најдеме таков механизам. Ваквата одлука е во рамки на определбата на Бугарија да го следи заедничкиот европски пристап. Оваа такса не треба да биде еднострано воведена од страна на Бугарија. “-изјави Кирил Пектов – „Промената продолжува“.

„Бидејќи сме доста блиску до Шенген, треба да се отстрани секоја можност оваа такса да не попречи во тоа. “-изјави Бојко Борисов – ГЕРБ.

Иако бугарската влада уверуваше дека товарот на таксата оди целосно на сметка на „Гаспром“, руската компанија досега не се изјасни по ова прашање, а и нема изврешно ниту уплата. Оваа давачка досега не им беше наплатена ниту на македонските снабувачи со природен гас.

Првиот човек на Номагас, Бајрам Реџепи, вели ова е времена мерка, Македонија не отстапува од барањето за ослободување на капацитетите кои ги има закупено „Гаспром“ до 2030 година, што ќе ѝ овозможи на земјата да бара други извори за снабдување со природен гас.

„Настојуваме целиот тој капацитет што не се користи да се ослободи бидејќи така овозможуваме на многу други снабдувачи и трговци да имаат пристап и да го користат тој капацитет за да можат некако да влијааат и во цените кај крајните корисници. Но сепак тоа не зависи од нас, тоа е проблем во Бугарија. “-изјави Бајрам Реџепи – Номагас .

Воведувањето на таската презивика низа реакции, како кај македонските, така и кај српските, и унгарските власти, кој го оценија потегот на Бугарија како непријателски чин. Токму поради ова Унгарија се закани дека може да го блокира велзот на Бугарија во Шенген, и тоа во време кога Австрија, која досега беше главната пречка, најави делумно укинување на ветото..

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер