БРАЗДИ - 07.07.2024 - BRAZDI - Лозјата жедни за вода

Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ВМРО-ДПМНЕ:СДС се исплашени од Тошковски,знаат дека ќе одговараат за криминалите што ги правеле

СДС се исплашени од Тошковски, знаат дека ќе одговараат за криминалите кои ги правеле.

СДС 7 години ја ограбуваа државата. 7 години беа заштитени да прават што сакаат, а тоа сега повеќе не можат да го прават.

СДС знаат дека министерот Тошковски работи по закон и дека ќе ги изнесе пред јавноста сите криминали кои ги правеле, затоа се исплашени и во паника.

Одговорност ќе има, без разлика што и да прават од СДС правдата нема да можат да ја избегнат, се наведува во партиската реакција.

Скопјанец e осомничен за силување малолетник

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира.

Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција.

Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.

Судијата на претходна постапка попладнево ги прифати предложените мерки, соопштија од Обвинителството.

Борис Бекер го поддржа Јаник Синер по допинг скандалот: Тоа е добра одлука

Познатиот германски тенисер и тренер, Борис Бекер, реши да даде свое мислење по се што се случи во врска со допинг скандалот во кој беше вмешан италијанскиот ас, Јаник Синер на турнирот во Индијана Велс.

Тогаш во два одвоени примероци беше потврдено присуството на клостебол, но на крајот Италијанецот не беше суспендиран, туку му беа одземени само бодови и наградниот фонд од Индијана Велс.

Утврдено е дека Синер дошол во контакт со оваа недозволена супстанца откако ја користел неговиот тренер Џакомо Налди, кој не ги известил останатите членови на тимот. За време на масажата, потоа клостеболот наводно преминал на Јаник.

Многумина се огласија во оваа прилика, а интересно е што Синер реши да ја прекине соработката со Налди, но и со Умберто Фераро, кои му беа физиотерапевти.

Иако досега не се огласи многу за ова, се огласи и Бекер кој рече дека одлуката на Синер всушност била добра и го поддржа.

– Добра одлука на Јаник – напиша тој на социјалната мрежа „Х“.

Бекер потоа „преобјави“ дел од изјавите на Јаник од прес-конференцијата на кои Италијанецот објасни како дошло до сето тоа.

притисни ентер