Бранови од 20 метри, урагански ветришта од 150 км/час- орканска бура во делови на Европа(ВИДЕО)

Во претходните два дена силен циклон донесе ураганска бура во северозападните предели на Европа.

Најсилно биле погодени Ирска, Северна Ирска, Велс и Шкотска, а овие региони беа погодени од бура слична на ураган, со оглед на тоа што ветровите беа над 100, па дури и до 130 km/h, а најсилните налети беа 150 km/h., снимени на запад од Шкотска.

Покрај ураганските ветрови, невремето донесе и многу обилни врнежи.

Огромни бранови ги погодија крајбрежните области.

Западно од Ирска, на Атлантикот се забележани бранови од неверојатни 20 метри.

Ураганот ги прекина сите форми на транспорт, додека многу авиони имаа проблеми со слетувањето.

За среќа, невремето помина и времето целосно се стабилизира и смири.

Се продава болидот Ферари Ф1 на Шумахер, со кој победуваше во 2006 година (ФОТО)

Еден од најуспешните автомобили на Ферари, а воедно и еден од последните автомобили што ги возеше легендарниот Михаел Шумахер, ќе биде продаден на аукцијата на RM Sotheby's.

Болидот се користел во 2006 година, односно во последната сезона на Шумахер во тимот на Ферари. Станува збор за болид на Ferrari 248 F1, петти од вкупно осумте направени за споменатата година. Што се однесува до трките, тој дебитираше на четвртата трка во сезоната, која се возеше во Имола, а Шумахер ја зазеде пол-позицијата во квалификациите, а потоа стигна до победата. Тоа беше негов прв триумф во 2006 година.

На следната трка на Нирбургринг, Шумахер се квалификуваше како втор, но паметната стратегија за стоп во боксот му овозможи да ја освои победата. Потоа возејќи го овој автомобил беше втор во Шпанија, Велика Британија и Канада, додека во САД оствари пол-позиција и уште една победа. Тој славеше и во Франција, а болидот беше пензиониран по трката во Унгарија.

Последен пат Мајкл го возеше на прославата на Ферари во Финали Мондијали на крајот на сезоната во Монца.

RM Sotheby's наведува дека овој автомобил бил купен од Ферари од приватен колекционер во декември 2007 година и останал во истата колекција до денес. Има сертификат Ферари Класиче и се користел на неколку приватни тестови на патеката Фиорано. Бил изложен и во музејот за автомобили Петерсен во Лос Анџелес во 2017 година како дел од изложбата „Гледајќи го црвеното: 70 години Ферари“.

Се проценува дека за Ferrari 248 F1 новиот купувач ќе треба да потроши повеќе од 10 милиони евра.

Летот што нема цел чини 2.200 евра, наменет е за патници кои се плашат од летање

И покрај тоа што звучи како измама, луѓето го фалат летот на Бритиш Ервејс кој полетува и слетува на истата дестинација 40 минути подоцна.

Летот чини 2.400 долари (околу 2.200 евра), но патниците не летаат до некоја егзотична дестинација, туку се враќаат на местото од кое што тргнале.

Летот е наменет за патници кои се плашат од летање и е дизајниран да ја намали анксиозноста што ја чувствуваат во авионот. Курсот наречен „Летање со самодоверба“ е хит меѓу патниците кои се плашат од летање, а Tiktoker Thepointsguy покажал како изгледа целиот процес.

Курсот започнува во хотелска соба на аеродромот со презентација на искусни пилоти на Бритиш Ервејс. Пилотите објаснуваат колку безбедно летаат авионите и како управуваат со нив, како и ригорозниот избор и редовната обука што пилотите мора да ја поминат за да управуваат со авионот.

По ручекот, клинички психолог објаснува како точно се развива стравот од летање и како може да се управува со него. Ова е проследено со водена вежба за медитација и релаксација за да се смират учесниците на курсот.

Присутните одат во мали групи до авионот, а членовите на персоналот прават сѐ за патниците да се чувствуваат удобно и безбедно, објаснувајќи го значењето на звучните сигнали и другите звуци или удари во авионот. Патем, курсот им помогнал на повеќе од 50.000 луѓе да го надминат стравот од летање.

Гутереш ќе присуствува на самитот на БРИКС во рускиот град Казан

Обединети Нации (ОН) најавија присуство на генералниот секретар Антони Гутереш на тридневниот 16-ти самит на БРИКС во рускиот град Казан, кој започна денеска.

„Генералниот секретар Гутереш ќе присуствува на самитот на БРИКС, како и претходно во Јужна Африка“, рече заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак на прес-конференција, објави Анадолија.

Ова, рече тој, е „стандардна практика за учество на состаноци на организации со голем број важни земји-членки“.

Тој посочи дека оваа „средба е од големо значење за работата на Обединетите нации, бидејќи земјите од БРИКС претставуваат околу половина од светското население“.

Хак додаде дека шефот на ОН ќе одржи неколку билатерални средби на маргините на самитот.

Лидерите на земјите од БРИКС пристигнуваат во Казан за да учествуваат на самитот на таа организација на кој се очекува да присуствуваат 22 шефови на држави и шест шефови на меѓународни организации.

Тридневниот самит на БРИКС ги вклучува долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, заедно со Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

БРИКС е меѓувладина организација која е основана во 2009 година, а земји основачи се Бразил, Русија, Индија и Кина.

притисни ентер